Маркетинг: Модели на интегрирана комуникација - практикум

Jovanov, Tamara (2017) Маркетинг: Модели на интегрирана комуникација - практикум. ISBN 978-608-244-439-0.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/656

Abstract

Ова учебно помагало го пишував со надеж дека читателот има добри намери во размислувањата за употреба на неговата содржина. Инспирацијата ја црпев од недостатоците во процесот на комуникација на домашните компании, организации и институции,како и од воочената потреба за дополнителна едукација на студентите, менаџерите и воопшто, граѓаните, за различните начини (модели) на маркетинг комуникација. Во првиот случај, како најголем недостаток кај домашните компании го издвојувам работењето по инерција, со особени слабости во комуникацијата со потрошувачите,каде се евиденти бројни погрешни тактики, практики на заведување и погрешно информирање или едноставно, слаб фокус на комуникацијата во целост. Вклучувањето на нашето стопанство во светските економски текови е голем предизвик пред кој се наоѓа стратегијата за економски развој на нашата земја, бизнис и академската фела. Второво пак, е особено важно, бидејќи обезбедува одредена сигурност од потенцијалната злоупотреба на процесот на комуницирање од страна на приватни или јавни компании,организации и институции. Ова дело е напишано со намера да исполни неколку цели: Објективно, потполно и систематично научно опишување или дескрипција на прецизираната тематиката, како прв чекор во процесот на спознавање, преку увид во актуелната светска и домашна литература, како и преку анализа на работењето на компаниите,особено од аспект на маркетингот; Научно објаснување на предметот на трудот, преку откривање на условите, причините и мотивите за текот на случувањата, врз основа на научната теорија и пракса; Научно предвидување или прогноза, со насочување кон тенденцијата на менување на состојбите и следење на динамичките карактеристики на дефинираниот проблем; Едукација на читателите во насока на разбирање на механизмите и суштината на комуникацискиот процес, со цел за зголемување на нивната свесност при прием на пораките и ограничување на влијанието на нивната содржина. Според поставените цели, учебното помагало претставува синтеза на она што значи маркетингот како област, неговата поврзаност со интегрираната комуникација, со особен фокус на најефективните модели за стратешка интегрирана комуникација со целната публика. Опфатени се и елементите во преку чија соодветна употреба може значително да се влијае на разбирањето и подобрувањето на комуникацискиот процес. Првиот дел нѐ воведува во разбирање на значењето на интегрираните маркетиншки комуникации, теоријата за интегрирани комуникации, однесувањето на потрошувачите. Вториот дел се однесува на моделите на интегрирана комуникација и нивните елементи, со чие изучување ќе се стекне знаење за правилен избор на еден нaспроти друг модел, според потребите и поставените цели на праќачот на пораката. Третиот дел се однесува на основниот модел на комуникација, познат уште и како процес на комуникација, кој сѐ уште е еден од најчесто користените. Употребата на примери од праксата и студиите на случај кои се дел од практикумот, издвојувањето на клучните придобивки и дополнителите извори на информации,дава прегледна структура која му помага на читателот да дојде до саканата информација и знаење на брз начин и да консултира дополнителна литература по потреба. Студиите на случај и примерите од праксата се вклучени за да го олеснат разбирањето на специфичната проблематика и се однесуваат на домашни и странски компании, организации, инститиуции кои применувале правилни и/или погрешни тактики во комуникацискиот процес со целната група. Намената на ова учебно помагало е пред сѐ, да служи како дополнителна литература за консултација при проучување на конкретни аспекти од маркетиншките комуникации. Книгава може да ја информира, но и да ја забавува целната публика, со надеж дека по читање на еден дел, читателот ќе има интерес да ги прочита и останатите делови од книгата, а може да биде корисна за студентите кои ја изучуваат материјата, за секој кој работи во маркетинг или едноставно чувствува потреба од дополнителни знаења за областа на интегрираните маркетиншки комуникации.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Media and communications
Social Sciences > Psychology
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 09 Jan 2018 09:36
Last Modified: 16 Aug 2018 07:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18858

Actions (login required)

View Item View Item