Превентивната здравствена заштита во Република Македонија

Angelovska, Bistra and Kamcev, Nikola (2009) Превентивната здравствена заштита во Република Македонија. In: Summer School Ohrid, 17-22.08.2009, Ohrid, Macedonia. (Unpublished)

[img] Text
preventiva Ohrid.pdf

Download (258Kb)

Abstract

Приоритетни здравствени проблеми - хроничните незаразни заболувања, новите заразни заболувања и ургентните состојби. Стратешките определби - основа на здравствениот систем во Република Македонија и понатаму ќе биде примарната здравствена заштита ориентирана кон поединецот, семејството и заедницата, со акцент на превентивната здравствена заштита и задоволување на најголемиот дел од здравствените потреби на населението. До распадот на СФРЈ, во здравствениот систем на Република Македонија (како дел од СФРЈ) не постои приватна лекарска практика и сите граѓани се опфатени со концепцијата на народно здравје или општа здравствена заштита, во која пристапот до здравствените услуги е отворен за сите, лекувањето е бесплатно и здравственото осигурување е општо и задолжително. До 1991 година превентивната здравствена заштита беше организирана во рамките на интегрираниот јавен здравствен сектор преку организационите единици во јавните здравствени установи со јасно дефинирани задачи, надлежности и поставеност, Заводот за здравствена заштита и здравствените установи при работните организации (најчесто од општа медицина и медицина на трудот) Со радикалниот пресврт во општественото организирање по 1989 година и преземањето на либералниот модел во организирањето на општеството, во кој доминираат приватната сопственост и пазарот, концепцијата на здравствената заштита станува недоволна и несоодветна да ја покрие концепцијата на јавното здравје. Македонското здравство денес е организирано во здравствени установи што се во јавна и во приватна сопственост на три нивоа: примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита. Според законските прописи и актите кои произлегуваат од нив, за превентивна заштита се надлежни здравствените установи од примарната здравствена заштита (независно дали се приватни или јавни), заводите за здравствена заштита и некои од болниците. Во транзициониот период од 1991 до денес во рамките на здравствените реформи се извршени значајни промени во здравствениот систем: чести промени на здравственото законодавство, промена во сопственоста на здравствените установи, прегрупирање на надлежностите и друго. Прилагодувањето на системот на новите околности и постојаните промени доведе до делумно нарушување на етаблираниот систем за превентивна здравствена заштита.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 31 Jan 2013 13:03
Last Modified: 31 Jan 2013 13:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1882

Actions (login required)

View Item View Item