Методологија на научно - истражувачка работа (наука и практика)

Dimitrov, Nikola and Mitreva, Elizabeta and Serafimova, Mimoza (2017) Методологија на научно - истражувачка работа (наука и практика). Samostojno izdanie, Stip. ISBN 978-608-65616-5-9

[img]
Preview
Text
Димитров,В. Н., Митрева, Е., Серафимова, М. (2017),МНИР,pdf.pdf

Download (3816Kb) | Preview

Abstract

Предговор Оваа книга се состои од пет тематски целини и поглавја низ кои многу содржајно е изложена комплексната проблематика на методологија на научно истражувачката работа. Во пишување на оваа книга, учебник како тематска рамка, користени се повеќе книги и универзитетски учебници од оваа проблематика. Во воведниот дел „Науката во современото општество“ потенцирана е аксиомата од општествена и индивидуална наобразба на секоја индивидуа, а особено на современиот научен работник кој мора континуирано и ефикасно да се едуцира за корисно продуктивна научна работа. Во првиот дел „Методологија на научната работа дадени се општите карактеристики на дефиницијата - поимот, предметот, функциите, класификација на големиот број научни методи применливи во различни видови научно – истражувачката работа, како и на други елементи важни за Методологијата. Во вториот дел „Изработка на стручни и научни дела, проект и истражување“ се обработува процесот на настанување, планирање, организирање и пишување на научни, стручни и други дела. Даден е опширен преглед на видови научни, научно – стручни, стручни и други видови текстови. Објаснета е класификацијата на науките, научните полиња и дисциплини. На крајот поместени се основни објаснувања на структурата на едно проектно истражување. Во третиот дел „Општа поставеност на научно – истражувачкиот проект“ презентирана е класификација на научните истражувања. Опширно се обработени формулирањето и теоретското определување на предметот на истражување, поставувањето на видови хипотези, варијалби, индикатори, начини и методи на прибирање на податоци, нивна обработка, основни правила на докажувања, мерење, стандарди и критериуми на научното истражување. Во четвртиот дел „Примена на методологијата на научно – истражувачката работа во маркетинг истражувањето“ општирно се обработени разните методи на маркетинг истражувања, користење на повеќе методи на примарни и секундарни податоци. Во овој дел повеќе се задржува на методот на експеримент, анкетирање и контакт методот. Се посветува внимание се дава и на анализата на планот за обработка на примерок на истражување, интревјуирањето, типовите на прашања и слично. Сето ова, е преставно преку примери на мерење на македонски компании и улогата на бенчмаркинг стратегија во опстојување на пзарарот. Во петиот дел „Етика во научно – истражувачката работа“, авторите посветуваат псоебно внимание на поврзаноста на етиката со научно – истражувачката работа. Поместени се основните принципи на етиката во научно-истражувачката работа, професионалниот кодекс и обврски на истражувачот, мерки за спречување на интелектуалната кражба и слично. Во последното поглавје од овој дел, поместен е конкретен пример на истражување преку студија на случај. Станува збор, за случајот „Адолесценти кои се под најголем ризик од ХИВ/СИДА/СПБ во Македонија“. На крајот поместен е успешен пример на индивидуален анкетен прашалник со сите елементи, прашања и одговори. Авторите во концепирањето на книгата користат обемна литература од 173 библиографски единици поврзани со научно – истражувачката работа, а цитираат и користење на 27 линкови. На крајот од книгата, во делот, Прилози, наведени се три примери, и тоа: пример на Он лајн анкета за истражување, пример на истражување на испитаници во форма на затворени прашања користејќи Ликертова скала, и трет пример, за анкетен прашалник на отворени и затворени прашања. Во оваа прилика, сакаме јавно да се заблагорадариме на рецензентите проф. д-р Марија Ацковска Таковска и проф. д-р Неда Петровска Ангеловска за позитивните коментари и препораки за користење на книгата од страна на студенти и други читатели. Книгата – учебникот, првенствено е наменет за студентите на Факултет за туризам и бизнис логистика, за втор и трет циклус студии. Се надеваме, дека, истата, од страна на студените ќе биде добро прифатена. Секако, дека секоја сугестија и предлог за нејзино подобрување е мотив повеќе за авторите да ја усовршат својата истражувачка работа. Авторите

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Nikola Dimitrov
Date Deposited: 20 Dec 2017 10:14
Last Modified: 20 Dec 2017 10:14
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18784

Actions (login required)

View Item View Item