Синдром на карпален тунел.

Isik, Hatidze and Nikolovska, Lence (2017) Синдром на карпален тунел. Medicus, информативен гласник на јавното здравство - Штип, 11 (25). pp. 32-33. ISSN 1857-5994

[img]
Preview
Other (PDF)
MEDICUS - SINDROM NA KARPALEN TUNEL.PDF

Download (510Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
СИНДРОМ НА КАРПАЛЕН ТУНЕЛ.pdf

Download (197Kb) | Preview

Abstract

Краток извадок Карпалниот тунел е сместен во пределот на рачниот зглоб. Ограничен е со карпалните коски од долната страна и со трансверзалниот карпален лигамент од горната страна. Синдромот на карпален тунел (SKT) претставува локализирана компресивна лезија на nervus medianus на неговиот премин низ заедничката обвивка на тетивите на прстите заедно со лигаментите во карпалниот тунел. Крупните миелински влакна се чувствителни на хипоксија. Немиелинските влакна остануваат неповредени дури и после тешка и акутна исхемија на нервот, додека миелинските влакна дегенерираат. Независно од тоа дали оштетувањето на нервот е од механичко или исхемично потекло, промената во ексцитабилноста на нервот кај локалното вклештување е причина за парестезија и другите феномени поврзани со овој синдром. После дваесет минути од почетокот на исхемијата се јавува мускулна слабост и загуба на сензибилитетот, при што се губи чувството за ладно и за лесен допир. Дефицитот на функцијата на моторното и сензитивното влакно се обновува веднаш после воспоставување на циркулација, доколку исхемијата не е траела подолго од два часа. Минливите сензорни симптоми се последица од прекумерната ексцитабилност на нервот при хипоксија, при што се јавуваат ектопични импулси во сензорните влакна. Клиничка слика: Доминантен симптом на SKT се ноќните парестезии кои што се манифестираат во инервационото подрачје на nervus medianus, иако може да бидат зафатени и прстите инервирани ос страна на nervus ulnaris. Според Katz i Simmons, постои класичен тријас на симптоми кај SKT, кој вклучува боцкање, трпнење и намалена чувствителност со или без болка кај два од првите при прсти на шаката, при што палмарниот и дорзалниот дел од шаката се исклучени со присуство на болка во зглобот како постојан симптом. Дијагнозата се поставува при преглед со притисок на воларната страна на китката (Тинелов знак) или со целосно свиткување на рачниот зглоб една минута, при што се јавува болка и трпнење.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Lence Nikolovska
Date Deposited: 20 Dec 2017 10:11
Last Modified: 20 Dec 2017 10:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18776

Actions (login required)

View Item View Item