Рехабилитација на пациенти со коксартроза

Bingul, Resul and Nikolovska, Lence (2017) Рехабилитација на пациенти со коксартроза. Medicus, информативен гласник на јавното здравство – Штип, 11 (25). pp. 34-35. ISSN 1857-5994

[img]
Preview
Other (PDF)
MEDICUS - REHABILITACIJA NA PACIENTI SO KOKSARTROZA.PDF

Download (570Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПАЦИЕНТИ СО КОКСАРТРОЗА.pdf

Download (246Kb) | Preview

Abstract

Краток извадок (Abstract) Коксартрозата е хронично дегенеративно дистрофично заболување на зглобовите, кое привлекува се повеќе внимание кај ревматолозите и ортопедите, бидејќи е едно од најчестите и најтешките заболувања на зглобовите кај повозрасните луѓе кое доведува до инвалидност. Етиопатогенезата како и кај другите дегенеративни болести е непозната. Коксартрозата може да биде примарна, идиопатска или секундарна. Патоанатомскиот наод се карактеризира со стеснување на зглобниот простор, субхондрална склероза, остеофитоза, цисти, деформација на главата на фемурот (во облик на печурка), сублуксација и луксација, а понекогаш и протрузија на ацетабулумот. Клиничка слика: основен симптом е болката при движење, која има механички карактер. Поврзана е со венски застој, мускулен спазам, реактивно синовијално воспаление, фиброзирање и задебелување на зглобната капсула, триење на површината на зглобовите. Деформацијата на зглобовите е резултат од реактивното воспаление на синовијата и бурсите поврзани со зглобната шуплина, како и од деструкција на коскените епифизи. Како последица на намалената зглобна подвижност се јавуваат миогени контарктури, фиброзирање на капсулата и лигаментите и деструкција на `рскавичната површина. Клинички се манифестира со ограничување на движењата во колкот со следниот редослед: внатрешна ротација, абдукција, екстензија, со хипотрофија и слабост во соодветните мускулни групи. При флексорна контрактура се добива зголемена инклинација на карлицата и зголемена лумбална лордоза. Постепено скратување на екстремитетот со аддукторна контрактура и наклонување на карлицата во фронталната рамнина. Позитивен симптом на Тренделебург и куцање со ногата од типот на “gluteus medius“.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Lence Nikolovska
Date Deposited: 20 Dec 2017 10:11
Last Modified: 20 Dec 2017 10:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18774

Actions (login required)

View Item View Item