Анови и каравансараи

Dimitrov, Nikola and Namicev, Petar (2017) Анови и каравансараи. Other. University Goce Delcev, Stip.

[thumbnail of Никола В. Димитров, Петар Намичев,Анови и каравансараи.pdf]
Preview
Text
Никола В. Димитров, Петар Намичев,Анови и каравансараи.pdf

Download (10MB) | Preview

Abstract

На просторот во Република Македонија повеќе од пет века постоеле стотици анови и каравансараи во улога да обезбедат простор за одмор на голем број уморни патници, кои за различни цели патувале низ земјата.
Со овој каталог на текст, слики и цртежи на Анови и каравансараи, сакаме да прикажеме дел од големиот број анови и каравансараи кои веќе не постојат а подолг период биле дел од нашата историја.
Во периодот од крајот на XIX до почетокот на XX век бројот на анови и каравансараи изнесува околу 500 од кои над 300 градски и околу 200 селски и попатни анови и каравансараи.
Градските анови и каравансараи најчесто биле лоцирани во близина на пазари, покрај брегот на езерата, реките, во централните градски подрачја, и во градската периферија. Попатните анови биле лоцирани покрај поважните транзитни патни правци, во непосредна близина на населбите, а ги имало и во селските населби.
Во овој каталог презентираме само педесетина слики и цртежи сите произлезени од универзитетски истражувачки проект на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип со наслов: „Историско – географски пресек на туризмот и угостителството во Република Македонија“, раководен од проф. д-р Никола В. Димитров, професор на факултет за туризам и бизнис логистика во Гевгелија. Истражувачкиот проект резултира со прибирање на разновиден материјал кој пред јавноста ќе го презентираме во различни печатени публикации.
Преку овој мини каталог, проф. д-р Никола В. Димитров и проф. д-р Петар Намичев се обидуваме да дадеме одредена претстава за изгледот, намената и важноста на ановите и каравансараите во текот на долгата историја. Наменскиот текст поткрепен со слики и цртежи, очекуваме кај јавноста и истражувачите да инспирира нови видици и откривања, за оваа и слична проблематика поврзана со историјата на туризмот и угостителството во Република Македонија.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Nikola Dimitrov
Date Deposited: 19 Dec 2017 08:06
Last Modified: 19 Dec 2017 08:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18746

Actions (login required)

View Item View Item