Урбаниот туризам преку моделот на транзитниот туризам на градот Скопје

Temjanovski, Riste (2017) Урбаниот туризам преку моделот на транзитниот туризам на градот Скопје. Годишен зборник, Економски факултет, XII (9). pp. 169-185. ISSN 1857-7628

[thumbnail of Zbornik-Ekonomski zbornik 2017 RT.pdf]
Preview
Text
Zbornik-Ekonomski zbornik 2017 RT.pdf

Download (699kB) | Preview

Abstract

Во овој труд се разгледува корелацијата меѓу транспортната инфраструктура и транзитниот туризам во урбаните средини. Транспортната инфраструктура го претставува 'рбетот на економскиот раст на една од најважните човекови активности во светот. Размената на стоки, патувањата и туризмот меѓу народите може да се развива само со добро разработена транспортен систем. Транспорт е составен дел на туристичката индустрија и значаен катализатор без кого туризмот не може да опстане. Зголемувањето на обемот на туристичкиот сообраќај има значителни последици за транспортот и подобрувањето на транспортот има силно влијание и континуиран успех на туристичката индустрија во многу региони. Но, транспорт и патувањата би можеле да се дискутираат без да се земе во предвид туризмот, но туризам не може да напредува без да се опфатат патувањата.
Транзитниот туризам е една од најсилните економски погони во туристичката понуда на секоја земја. Овој туристички модел несомнено станува важен туристички погодност и се бара постојано поголема вклученост на јавните власти, бидејќи економските и социјалните прашања кои се вклучени кај инвестициите на високо ниво (често јавно) побаруваат инфраструктура, опременост и промоција.
Земајќи ги во предвид подрачјата со туристички потенцијал кои постојат во нашата земја, во овој труд е анализиран главниот град Скопје, како транзитно туристичко подрачје, чии разновидни ресурси можат да понудат безброј можности за развој во оваа област. Во текот на последните неколку децении, настанаа брзи технолошки, архитектонски и културно промени, со што дојде и до целосна трансформација на духот и туристички структурата на нашите градови, посебно на нашиот главен град, Скопје. Подобрување на транспортната конекција значително ќе помогне на поддршка на растечката економија на туризмот во Република Македонија, стимулирање на повеќе туристи и јакнењето на транзитниот туризам. Скопје станува транзитна и викенд туристичка Мека за повеќето странски туристи од соседството.
Клучни зборови: транзитен туризам, транзит проток, транспортни модели, транспортните коридори, транспортни јазли, мобилност

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Riste Temjanovski
Date Deposited: 14 Dec 2017 08:22
Last Modified: 14 Dec 2017 08:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18628

Actions (login required)

View Item View Item