Рековалесценција на мускулна сила после трауми и операции

Vasileva, Dance (2017) Рековалесценција на мускулна сила после трауми и операции. Medicus, информативен гласник на јавното здравство - Штип, 11 (26). pp. 24-25. ISSN 1857-5994

[img]
Preview
Other (Spisanie)
11.2017 za repozitorium D.Vasileva.PDF

Download (989Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
DV 1.pdf

Download (217Kb) | Preview

Abstract

Мускулната функција е сврзана со осигурување на движењата и динамичната стабилизација во зглобните сегменти. Нормалната мускулна сила зависи од нормалната инервација, тренираност и трофичност. Нарушувањето на било кои од од овие услови може да допринесе до нарушување на мускулната функција. При возобновување на меѓусебните моторни сегменти во кинетичкиот синџир на екстремитетите е добро првобитниот акцент при тренирање на мускулната сила да се постави врз вежбите за проксималните и дисталните делови на зглобот, кои вклучуваат стабилизирачко учество на мускулите кои се активни во него. Вежбите во изотоничен и изолитичен режим на мускулната контракција е добро да се исполнуваат во 2-3 серии по 6-8 повторувања со што се менува наизменично учеството на антагонистичките мускулни групи и вежбање на незасегнатиот екстремитет со цел активна релаксација и расејување на оптоварувањето. Во праксата се применуваат сите можни за самостојно исполнување средства, со што за возобновување на мускулната функција тоа се најчесто активни вежби, самостојно вежбање на изометрични контракции, вежби со отпор од уреди и на уреди (кога на пациентот веќе не му потребен мануелен отпор и превенција за правилно исполнување на дадена вежба и избегнување на компенсаторни и заменски движења). Во почетокот се назначуваат вежби по анатомските оски од различна почетна положба и постепено се вклучуваат комбинирани движења по дијагонално-спирален модел за целиот горен екстремитет. Последни се вклучуваат вежби со отпор во затворен кинетички синџир. Најчесто тоа средтсво се вклучува во минимално-протективната фаза кога пациентот веќе не посетува индивидуални третмани и има достигнат скоро целосен и безболен обем, како и добра мускулна сила во засегнатиот зглоб.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: Повреди, мускулна сила, рековалесценција
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Dance Vasileva
Date Deposited: 13 Dec 2017 11:21
Last Modified: 13 Dec 2017 11:21
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18621

Actions (login required)

View Item View Item