Улогата на менаџментот во креирањето на стратегија во здравствените организации

Ivanov, Jelena (2017) Улогата на менаџментот во креирањето на стратегија во здравствените организации. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Финална верзија магистерска Јелена Иванов.pdf

Download (1405Kb) | Preview

Abstract

Здравствениот систем во Република Македонија претрпел и сè уште трпи промени во однос на различни периоди во кои се наоѓа земјата во рок од неколку декади пред и по нејзиното осамостојување. Во оваа смисла не само нашата земја туку и пошироко во регионот во текот на изминатиот период се создавале услови за континуирано менување и подобрување на функционирањето на здравствениот систем. Таканаречниот транзитен период, период на значителна стагнација на прогресот, е феномен, или подобро период-фактор, забележан во многуте земји од Балканот и пошироко. Особеностите кои ги бележиме во здравствениот систем во овој период се од особено значење за континуираното следење и согледување на денешната состојба во здравствениот систем во Република Македонија и во земјите во нејзиното опкружување. Постојаното унапредување на квалитетот на здравствената заштита се заснова на вредностите кои се вградени во концептот за квалитетот на работата и следната усвоена секојдневна пракса на здравствените установи: насоченост кон корисникот (пациентот), безбедност, делотворност, правовременост, ефикасност, правичност. Клучни зборови: здравствена заштита, стратегија на менаџмент, менаџери во здравствените установи.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 12 Dec 2017 10:59
Last Modified: 12 Dec 2017 10:59
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18594

Actions (login required)

View Item View Item