Примена на стандардите на Европската Унија во апликација на средства за заштита на рaстенијата во Светиниколскиот регион

Milenkov, Vanco (2017) Примена на стандардите на Европската Унија во апликација на средства за заштита на рaстенијата во Светиниколскиот регион. Masters thesis, University of Goce Delcev.

[thumbnail of KONECNA VERZIJA.pdf]
Preview
Text
KONECNA VERZIJA.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Краток извадок
Во Светиниколскиот регион земјоделското производство е водечка гранка а многу земјоделци имаат машини за апликација на пестициди. Во истражувањето се опфатени 125 фармери кои поседуваат такви машини. Фармерите се претежно со средно образование и долги години се занимаваат со оваа дејност. Машините што ги поседуваат за заштита на растенијата во просек надминуваат 10 години старост, и имаат неисправни делови. Самостојно ги употребуваат машините за заштита на растенијата, без посетувани обуки за нивна употреба и заштита при работа. Застареноста и големиот број на неисправни делови заедно со нестручната употреба на машините за заштита на растенијата, преку употреба на пестициди, претставува закана за животната средина и опасност по здравјето на луѓето и животните.
Во Европската Унија се донесени законски прописи , како што е регулативата 2009/127/ЕС и европскиот стандард EN 13790, со кои се регулира исправноста на машините за апликација на пестициди и е потребно задолжителна нивна инспекција на одреден временски период.
Република Македонија е земја – кандидат за членство во Европската Унија, и е обврзана да ги усогласи законските прописи од оваа област со законите во Европската Унија.
Со истражувањето се согледува состојбата на техничката исправност на машините за апликација на пестициди во Светиниколскиот регион и само 7% од испитуваните машини ги исполнуваат европските стандарди.
Клучни зборови: пестициди, апликација, заштита, инспекција, машини, животна средина, закон, стандарди, регулативи

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 11 Dec 2017 11:34
Last Modified: 11 Dec 2017 11:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18560

Actions (login required)

View Item View Item