Мобилен сензорски систем за детекција на штетни гасови во подземните рудници

Cekova, Katerina (2017) Мобилен сензорски систем за детекција на штетни гасови во подземните рудници. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Магистерски труд лекториран Катерина Цекова.pdf

Download (3357Kb) | Preview

Abstract

Краток извадок Безбедноста во рудниците е многу важна за рударската индустрија. Несреќите во рудникот може да доведат до фатални повреди, болест, заболувања, големи економски загуби и смрт. Експлозиите во рудниците се честа појава, затоа спасувачките операции веднаш се потребни, но истите се и ризични. Резултатите од експлозијата придонесуваат за зголемување на нивото на штетни гасови што резултира со намалено ниво на O2 и висока температура. Затоа, секои нови технолошки достигнувања при набљудување и следење на концентрацијата на гасови во рудниците се од големо значење за безбедноста на човечките животи. Целта на овој магистерски труд е да се идентификуваат и да се измерат отровните гасови кои се многу распространети во подземните рудници и не можат да се откријат со човечки сетила. Во магистерскиот труд е опишан дизајнираниот систем кој служи како далечински систем за следење на нивото на гасови во реално време кај различни области во подземните рудници, со цел да се обезбеди знаење за заштита на рударите од вдишување на прекумерен токсичен гас. Ефикасноста на системoт ќе овозможи претпазливост и безбедност во рудникот, ќе ја покажува концентрацијата на штетни гасови на ризичните места и токсичните региони пред работниците да започнат со работа во подземни рудници или додека се внатре. Ова ќе спречи прекумерно вдишување на отровни гасови што може да резултира со болести, како што се: леукемија, забрзан пулс на телото и белодробни заболувања во текот на времето. За да се спречи загуба на човечки живот и материјални загуби по експлозијата, се праќа робот во тунелот и тој ја детектира содржината гас, температура и ги пренесува сигналите до контролната соба. Но исто така, концентрациите освен со мобилниот робот се мерат континуирано со помош на сензори поставени во тунелите. МОБИЛЕН СЕНЗОРСКИ СИСТЕМ ЗА ДЕТЕКЦИЈА НА ШТЕТНИ ГАСОВИ ВО ПОДЗЕМНИТЕ РУДНИЦИ Системот користи бежична сензорска мрежа за пренос на податоци од работната средина на рудникот добиени преку сензорите за токсични гасови и сензорот за температура и влажност. Роботот ќе влезе и ќе се движи во рудникот притоа откривајќи штетни гасови и со тоа обезбедува заштита од пожар или експлозија. Со користење на роботот, како и поставените сензори внатре во рудникот, веројатноста за несреќа ќе се намали. Се обезбедува заштита од пожар, експлозија, отровни гасови како CO, CO2, CH4, H2, NH3 и алармирање при зголемено ниво на температурата и концентрацијата на гасовите во тунелот. Се користи микроконтролер со прикачени сензори за добивање на резултати, а потоа преземање на потребните одлуки. Овој магистерски труд го испитува присуството на повеќе видови на отровни гасови во критичните региони. Системот е погоден за користење во подземни рудници. Со помош на овој систем, може да се намали загубата при експлозија во рудникот и да се направи успешна спасувачка акција. Клучни зборови: Мобилна апликација, Сензори, Arduino Uno, Штетни гасови, Рудник, Систем за безбедност, Бежична сензорска мрежа

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 10 Nov 2017 09:49
Last Modified: 10 Nov 2017 09:49
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18549

Actions (login required)

View Item View Item