Влијанието на образованието и мотивацијата на вработените за подобрување на перформансите на организациското однесување

Koceva, Stanka (2017) Влијанието на образованието и мотивацијата на вработените за подобрување на перформансите на организациското однесување. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Stance Koceva konecna.pdf

Download (2544Kb) | Preview

Abstract

Овој магистерски труд анализира прашања од науката за менаџмент, односно од областа на организациското однесување како посебна научна дисциплина во рамките на менаџментот. Предмет на анализа се мотивацијата и образованието на вработените како фактори кои влијаат на перформансите на организациското однесување. За да се разбере однесувањето на луѓето во организациите мора да се осознаат основните фактори кои го дефинираат однесувањето на луѓето како поединци. Познавањето на тие фактори помага при разбирање на поединечните разлики помеѓу индивидуите. Разликите помеѓу луѓето, во суштина, играат клучна улога при детерминирањето на различните организациски однесувања. Психолошките карактеристики на една личност го дефинираат сетот на очекувања во однос на тоа што таа придонесува за една организација и што очекува за возврат од таа организација. Индивидуата придонесува за една организација со помош на нејзиното знаење и умеење, залагање, вештини, техники, лојалност. За возврат организациите обезбедуваат различни привилегии кон своите вработени во форма на материјални или нематеријални награди. Од многуте психолошки карактеристики кои влијаат на организациското однесување на индивидуите предмет на анализа во овој магистерски труд ќе биде мотивацијата како фактор што го детерминира организациското однесување. Клучни термини: организација, организациско однесување, мотивација, образование, истражување, фактори на влијание.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 09 Nov 2017 12:29
Last Modified: 09 Nov 2017 12:29
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18530

Actions (login required)

View Item View Item