Финансиската анализа на Извештајот за сеопфатна добивка како основа за ефикасно деловно одлучување

Nehtenin, Martina (2017) Финансиската анализа на Извештајот за сеопфатна добивка како основа за ефикасно деловно одлучување. Masters thesis, University Goce Delcev Stip.

[img]
Preview
Text
Magisterski trud-Martina Nehtenin-konecna.pdf

Download (2258Kb) | Preview

Abstract

Зошто е потребна анализа на финансиските извештаи? Одговорот се наоѓа во несовршеноста на системот на финансиско известување, изразена преку: несовпаѓањето помеѓу случувањето на деловните настани и нивното сметководствено признавање; различниот сметководствен третман на исти деловни трансакции во различни земји, дејности или компании; постоењето на значајни информации надвор од финансиските извештаи кои се значајни за формулирање на оценка за работењето на компаниите и слично. Анализата на финансиските извештаи претставува употреба на сметководствените податоци во процесот на донесување деловни и инвестициони одлуки. Финансиските извештаи претставуваат прегледи кои го опфаќаат целокупното работење на компанијата. Процесот на анализа на финансиските извештаи е дизајниран за да им помогне на деловните луѓе, инвеститорите и кредиторите да научат како да ги читаат, интерпретираат и анализираат подготвените финансиски извештаи. Таа се фокусира пред се на финансиските показатели кои ги користат аналитичарите, инвеститорите, менаџерите и другите заинтересирани субјекти, со кои се врши евалуација на финансиската состојба, оперативните перформанси и готовинските текови на работењето на компаниите Предмет на анализа во овој магистерски труд е Извештајот за сеопфатна добивка (билансот на успех) кој претставува периодичен преглед на остварените приходи и расходи на компанијата во пресметковниот период, како и на финансискиот резултат. Информацијата за остварениот финансиски резултат на компанијата е една од основните врз која заинтересираните субјекти ги темелат своите деловни одлуки. Клучни зборови: финансиски извештај, сеопфатна добивка, приходи, расходи, анализа.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 09 Nov 2017 12:27
Last Modified: 09 Nov 2017 12:27
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18528

Actions (login required)

View Item View Item