Улогата и значењето на Државното правобранителство во правосудниот систем на Република Македонија -The role and significance of the State Attorney's Office in the justice system of the Republic of Macedonia

Kambovski, Igor and Ampovska, Marija and Apasiev, Dimitar and Ivanova, Elena and Zdraveva, Ana (2017) Улогата и значењето на Државното правобранителство во правосудниот систем на Република Македонија -The role and significance of the State Attorney's Office in the justice system of the Republic of Macedonia. [Project] (Submitted)

[img]
Preview
Text
Проект.pdf

Download (543Kb) | Preview
Official URL: http://scholar.ugd.edu.mk/igorkambovski/proekti

Abstract

Државата постојано се појавува како странка во судски постапки во кои нејзините законски застапници – државните правобранители преку правни средства треба да го штитат нејзиниот имот и имотните интереси. Како предуслов за квалитетна заштита на имотот и имотните интереси на државата се јавува добро поставената организација, како и материјалната и правната положба на правобранителската функција. Оваа потреба посебно доаѓа до израз во државите кои минуваат низ транзициски промени, како што е Р. Македонија, каде одредени лица, со цел да стекнат индивидуални сопственички права на имот кој некогаш бил општествен, па потоа државен, ги користат слабостите на целокупниот правен систем, пропустите во законските регулативи, поделбата на надлежности и сл. Една од основните идеи на истражувањето во рамки на овој проект е да се дојде до сознанија и заклучоци дали и во која мера државното правобранителство е соодветен механизам за спречување на ваквите интенции и на кое ниво се наоѓаат можностите на државното правобранителство во однос на својата функција и законска поставеност да пружи соодветна заштита на имотните интереси на државата. Одговорот на овие прашања сам по себе треба да даде одговор и на прашањата дали постои потреба од реорганизација, јакнење на улогата и зголемување на квалитетот на работата на Државното правобранителство на Р. Македонија. Овој проект и целта на неговото истражување добива посебно значење затоа што се работи за материја која во нашата држава, според сознанијата на тимот на истражувачи на овој проект, не е истражувана на научно ниво и претставува еден релативно маргинализиран и запоставен запоставен сегмент во целокупниот правосуден систем.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Igor Kambovski
Date Deposited: 09 Nov 2017 11:27
Last Modified: 09 Nov 2017 11:27
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18514

Actions (login required)

View Item View Item