Особини и дејство на стекнувањето без основа

Ilioski, Risto and Ampovska, Marija (2017) Особини и дејство на стекнувањето без основа. Зборник на трудови од Четвртата меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, 2. pp. 675-691. ISSN ISBN 978-608-244-423-9

[img]
Preview
Text
Зборник на трудови Стекнување.pdf

Download (429Kb) | Preview

Abstract

Стекнувањето без основа, се јавува како еден од изворите за настанување на облигационите односи. Имено, кога има зголемување на имотот на еден субјект, а на сметка на имотот на друг субјект, а притоа без за тоа да постои правна основа, во согласност со законот, веќе се наѕираат определени контури на овој институт стекнување без основа, а со тоа се согледува и неговата важност. Правно неоснованото збогатување или стекнувањето без основ, има значење во однос на корегирањето, односно исправувањето на така настанатото збогатување, односно стекнување. Во однос на именувањето на овој институт, како што ќе стане збор во овој труд се користат повеќе изрази. Нашиот Закон за облигационите односи од 2001 година ја користи терминологијата стекнување без основа, а не правно неосновано збогатување. Имено, целта на овој труд е да се изврши проучување на стекнувањето без основа, почнувајќи и од самата терминолошка поставеност, поимно определување, неговите дилеми, потребните услови за настанување, дејство, односно содржината, а во трудот во неопходна мера, ќе стане збор и во однос на начините, односно случаите на стекнување без основ. Така, имајќи го предвид ова, а и со оглед на тоа дека во определени рамки ќе биде застапена и судската практика, трудот освен својата теоретска димензија, ја добива и својата важност во практиката. Клучни зборови: Стекнување, основ, збогатување, имот

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Marija Radevska
Date Deposited: 08 Nov 2017 08:50
Last Modified: 08 Nov 2017 08:50
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18493

Actions (login required)

View Item View Item