Охридскиот рамковен договор наспроти Тиранската платформа

Marolov, Dejan and Stojanovski, Strasko (2017) Охридскиот рамковен договор наспроти Тиранската платформа. In: Четврта меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, 6-7 Sept 2017, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Ohrid vs Tirana 3.pdf

Download (510Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Зборник на трудови (1).pdf

Download (482Kb) | Preview

Abstract

Охридскиот Рамковен Договор беше потпишан на 13 Август 2001 година. Овој договор беше производ и одговор на вооружениот конфликт во Република Македонија помеѓу македонските безбедносни сили и парамилитантната Албанска Национално-Ослободителна Армија (ОНА). Договорот беше преговаран и потпишан од лидерите на четирите најголеми политички партии во Републиката Македонија, претседателот на РМ, како и од специјалните претставници на САД и ЕУ. Заради претходново овој договор може да се третира и како мировен договор гарантиран од претставници на меѓународната заедница. Овој труд има за цел да ја анализира суштината на Охридскиот договор, неговата имплементација и промените кои тој ги наметна при поделбата на моќта, ревизијата на одредени закони, како и донесувањето на нови закони. Секако мора да се напомене дека истиот договор беше и основа за промена на македонскиот Устав. Охридскиот Рамковен Договор несомнено е контроверзен, потпишан во околности на секојдневно насилство и силен меѓународен притисок. Дебатите за неговата улога продолжуваат и денес, а особено по објавувањето на барањата на партиите на етничките Албанци по парламентарните избори од 2016 год. Токму затоа се чини неминова потребата од компаративна анализа помеѓу Охридскиот Договор со таканаречената ,,Тиранска платформа” на партиите на етничките Албанци. Клучни зборови: охридски рамковен договор, уставни измени, меѓународна заедница, тиранска платоформа.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Strasko Stojanovski
Date Deposited: 07 Nov 2017 09:49
Last Modified: 07 Nov 2017 09:49
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18477

Actions (login required)

View Item View Item