Практичната настава на студентите во Република Македонија – предизвици и перспективи на студентите од правните факултети

Tusevska, Borka and Miseva, Kristina and Kosevaliska, Olga (2017) Практичната настава на студентите во Република Македонија – предизвици и перспективи на студентите од правните факултети. Project Report. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип.

[img]
Preview
Text
СТУДЕНТСКАТА ПРАКТИКА НА ПРАВНИТЕ ФА%-za repozitorium.pdf

Download (1009Kb) | Preview
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/652

Abstract

Монографијата насловена како „Практичната настава на студентите во Република Македонија - предизвици и перспективи на студентите од правните факултети,“ е плод на повеќегодишна научно истражувачка работа на авторите на трудот. Монографијата е изработена во рамки на проектот насловен како „Кадровскиот капацитет, потребите и развојните потенцијали на малите и средни бизниси во Источниот регион, базирани на знаења“. Од истражувањата спроведени во рамки на проектот, авторите проучија повеќе аспекти на практичната настава, од кои, најсуштинските ги издвоија во четири посебни глави на овој научно истражувачки труд. Монографијата претставува издание во кое е содржана материја што се однесува на практичната настава во Република Македонија, со фокус на практичната настава на студентите од Правните факултети. Содржината и структурата на монографијата е адаптирана на потребите на релеватните субјекти од јавниот и приватниот сектор, каде прашањето за практичната настава честопати е предмет на бројни теоретски делиберации и практични анализи. Ова првенствено се однесува на Универзитетите, каде прашањето за квалитетот на спроведувањето на практичната настава има битно значење, и суштински влијае врз нивото на квалитет на целокупниот наставно-образовен процес.

Item Type: Monograph (Project Report)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Kristina Miseva
Date Deposited: 02 Nov 2017 14:47
Last Modified: 02 Nov 2017 14:47
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18443

Actions (login required)

View Item View Item