„Форми на финансирање на растот на малите и средните претпријатија со фокус на источен плански регион во Република Македонија“

Fotov, Risto and Gogova Samonikov, Marija and Veselinova, Elena and Gruevski, Ilija and Binovski, Risto (2017) „Форми на финансирање на растот на малите и средните претпријатија со фокус на источен плански регион во Република Македонија“. [Project] (Submitted)

[thumbnail of OB.06.50 Барање за финансирањe проект - МСП.pdf]
Preview
Text
OB.06.50 Барање за финансирањe проект - МСП.pdf

Download (687kB) | Preview
Official URL: https://goo.gl/jTBonm

Abstract

Предмет на истражување во овој проект се алтернативните форми за финансирање на растот и развојот на малите и средни претпријатија како мотори на локалниот економски развој. Во проектот ќе се опфатат и предлози за ефикасното менаџирање со добиените средства во зависност од изворот на финансирање со цел да се постигне подобрување на перформансите на МСП, со посебен фокус на источниот плански регион во Република Македонија.
Целта на проектот е да се покаже како да се обезбедат дополнителни финансиски средства за финансирање на развојните активности на малите и средни претпријатија.
При истражувањето во проектот ќе се применат повеќе квалитативни и квантитативни методи. Со помош на анализа, синтеза и компарација ќе се изврши систематизирање на досегашните објавени податоци од оваа проблематика во земјата и во странство и истите ќе се применат и при средување и толкување на сознанијата и резултатите од проектот. Покрај анализата на веќе објавени податоци, со помош на структурирано интервју на таргетирани испитаници, ќе се стекнат дополнителни сознанија кои ќе овозможат прагматичност на решенијата од проектот.
Придобивките на овој проект ќе овозможат интензивирање на локалниот економски развој, а целокупниот процес на финансирање со алтернативни инструменти и менаџирање на средствата за поддршка на рентабилни проекти, односно проекти од јавен и приватен карактер може да послужат како бенчмарк и за други плански региони во Р. Македонија и земјите во регионот.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Risto Fotov
Date Deposited: 24 Oct 2017 10:41
Last Modified: 24 Oct 2017 10:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18377

Actions (login required)

View Item View Item