Современ тераписки пристап при експонирана пулпа

Kovacevska, Ivona (2017) Современ тераписки пристап при експонирана пулпа. In: „Актуелности во денталната медицина" Симпозиум со меѓународно учество, 21 Oct 2017, Bitola, Macedonia. (Submitted)

[img]
Preview
Text
21.10. Битола.pdf

Download (5Mb) | Preview
[img]
Preview
Image
BITOLA najava.jpg

Download (1462Kb) | Preview

Abstract

Во секојдневната дентална казуистика, докторите по дентална медицина често, се среќаваат со длабоки кариозни дефекти кои топографски и во однос на експонираноста на пулпата се класифицираат на обични и комплицирани. Тераписките процедури, посебно на сложените форми, временски дефинирале различни медикаменти и протоколи. Рапидниот технолошки развиток во доменот на денталните материјали, како и на стоматолошките реставративни модалитети, перспективно ја наметнуваат идејата за ревидирање на досегашните сознанија во терапијата на длабоките кариозни лезии, посебно при состојби на пулпална експозиција. Исто така се по интензивно се споменуваат регенеративни ендодонтски процедури. Нарушениот интегритет на комората на пулпата, најчесто под влијание на инфективниот агенс, но со акцент на зачувување на виталноста на забот, преку евалуација на конвенционалните и современите тераписки аспекти, поткрепени со клинички и литературни сознанија, ќе бидат дел од оваа презентација. Успешниот исход при состојби на експонираност на пулпата, всушност е давање на можност на организмот и денталната пулпа да воспостави дентински мост, и го зачува сопствениот интегритет.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 01 Nov 2017 13:30
Last Modified: 01 Nov 2017 13:30
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18366

Actions (login required)

View Item View Item