Логистика на производни процеси во текстилната индустрија

Kolev, Kire (2017) Логистика на производни процеси во текстилната индустрија. Masters thesis, University of Goce Delcev.

[thumbnail of Кире Колев Логистика на производни процеси во текстилната индустријa.pdf]
Preview
Text
Кире Колев Логистика на производни процеси во текстилната индустријa.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Логистика во современиот свет станува актуелна проблематика на која и се посветува ćе поголемо внимание. Во многу земји со развиени пазарни економии учеството на логистичките активности во формирањето на бруто националниот производ надминува 20%, што директно влијае врз сите аспекти на економијата (инфлација, продуктивност, каматна стапка итн.). Ова е и една од главните причини за зголемениот интерес за оваа проблематика.
Во областа на логистиката може да се сретнат повеќе термини како што се: управување со материјали, физичка дистрибуција, деловна логистика, логистички менаџмент (синоним на деловната логистика), управување на синџири на снабдување и др. Сите овие термини ја објаснуваат истата област – логистиката.
Текстилната индустрија е од исклучително значење за економијата на Република Македонија според остваренто учество во вработеноста и извозот.
За разлика од некои други стопански дејности и индустрии, во областа на текстилната индустрија релативно повеќе дојдоа до израз приватните претприемачки иницијативи, создадена е солидна материјална основа, остварени се повеќе страни деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој.
Трудоинтензивниот караткер и можностите што ги дава за порамномерен регионелен развој се дополнителни карактеристики на оваа индустрија.
Процесот на глобализација и се поголемото вклучување на националната во меѓународната економија, поставуваат голем број предизвици пред текстилната индустрија, за националната економија, а и за земјата во целина.
Денес сме сведоци на процес на преструктуирање на текстилната индустрија во развиените земји на Европа и на селење на дел од капацитетите во европски и други земји. Овој тренд може поволно да се
8
одрази врз Република Македонија, и истиот претставува прилика за влез на различни форми на странски капитал.
Текстилното производство во Македонија е целосно приспособено кон пазарните услови поставени од страна на западноевропските земји. Ова значи дека таа ги исполнува строгите стандарди за квалитет, рокови на испорака, како и комплетната логистика која се бара од страна на странските партнери.
Повеќето од фирмите во текстилната индустрија во Македонија се организирани како мали и средни претпријатија со вкупен број на вработени од 30 - 500. Овој факт е позитивен, бидејќи овозможува огромна флексибилност на компаниите во однос на менување на палетата на производи, производство на мали серии и краток период на испорака на финалниот производ. Ова претставува клучен фактор за успешна соработка со странските партнери и за опстанок на оваа гранка која е под постојан притисок на конкуренцијата и пазарните законитости. Македонското текстилно производство е главно ориентирано кон извоз, претежно на Европскиот пазар.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 31 Oct 2017 10:37
Last Modified: 31 Oct 2017 10:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18352

Actions (login required)

View Item View Item