Ефекти на кинезитерапијата при рехабилитација на пациенти со diabetes mellitus тип 1

Gorgieva, Marijana (2017) Ефекти на кинезитерапијата при рехабилитација на пациенти со diabetes mellitus тип 1. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Лекториран Специјалистички труд - Маријана Ѓорѓиева.pdf

Download (705Kb) | Preview

Abstract

Шеќерна болест (Diabetes mellitus) е состојба на хипергликемија со апсолутен или релативен дефицит на инсулинската секреција, со нарушување на метаболизмот и со појава на специфични хронични компликации на малите и големите крвни садови. Како резултат на тоа, нивото на шеќерот расте во крвта над нормалата и може да доведе и до други сериозни нарушувања на други органи како што се: срцевата работа, инфарктите и изливите на мозокот, заболувањата на бубрезите, периферно – мускулни заболувања и слично. Шеќерната болест се појавува во две основни клинички форми при што основната разлика е во инсулиновата секреција. Diabetes mellitus тип 1 или инсулин зависен дијабетес претставува болест на апсолутен дефицит на инсулин. Болеста се јавува кај млади лица, од самото раѓање па сè до 30 годишна возраст и е застапен кај околу 20% од популацијата. Diabetes mellitus тип 2 или инсулин независен дијабет претставува болест со нарушена секреција на инсулин или инсулинска резистенција. Болеста се јавува кај постарата популација над 30 години и е застапен со околу 75% од популацијата. Спред светската здраствена организација (СВЗ) заболени од дијабет се над 50 милиони луѓе во светот односно 1,5 до 3,9% од популацијата. Уште пред откривањето на инсулинот физичките вежби претставувале основно лекување и профилактика на дијабетичарите. Затоа улогата на насочното физичко вежбање е многу важно. Кај клиничкото разработување на модели со вежбање на велосипед со променлив и рамномерен интензитет покажува прилагодување на децата со инсулинозависен дијабет и има значителен хипогликемиски ефект со придржување на показателите на хомеостазата во границите на физиолошки размер (лактат со нивото на анаеробен волумен 4,0 мМ/L недостаток на ацидоза и одлично адаптирање на кардиореспираторниот систем). На тој начин би можело да се очекува дека кај системската примена ќе биде возможно намалување на дозата на инсулин. Разработената методологија и програма на лечење со физичка активност во санаториумски услови активноста за нормализирање на гликозната динамика, води до намалување на инсулинските потреби на организмот и до зголемување на С – пептидната секреција, подобра работоспособност и срцева адаптација кон стандардната физичка активност и активност за стимулирање на психофизичкиот развој на децата болни од дијабет. Клучни зборови: дијабет, физичка активност, инсулин, хипергликемија

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 16 Oct 2017 11:27
Last Modified: 16 Oct 2017 11:27
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18314

Actions (login required)

View Item View Item