Перење пари и други приноси од казниво дело во Македонското казнено законодавство

Kosevaliska, Olga and Davkova, Lidija (2017) Перење пари и други приноси од казниво дело во Македонското казнено законодавство. Зборник на трудови од Четвртата меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. pp. 605-619. ISSN ISBN 978-608-244-423-9

[img]
Preview
Text
Ole i Lidija - r.pdf

Download (448Kb) | Preview

Abstract

Перењето на парични средства и другите криминални приноси овозможува креирање на еден паралелен систем на сива економија кој делува деструктивно на националниот. Сето ова може да доведе до парализа на институциите на системот и инфилтрирање на криминалните организации во него, со цел преточување на нивната финансиска моќ во политичка. Ова е особено сериозен проблем, бидејќи таквото нешто би довело до тоа да се креира законска регулатива која наместо да го спречи перењето пари истата би го олеснила. Имајќи го во предвид фактот дека законското битие на кривичното дело “Перење пари и други приноси од казниво дело”, претставува особено комплексно дејствије на постапување на кое секогаш му претходи друго инкриминирано дејствије, постои потреба од негова посеофатна анализа и критика како и „огледување“ на нашата инкриминација со светските трендови заради имплементирање на нови законски решенија во насока на превенција и спречување на перењето пари. Во трудот ќе направиме обид да го анализираме ова кривично дело, да ја елаборираме неговата поврзаност до даночното затајување како и да укажеме на донесување соодветни законски прописи, формирање на посебни тела, остварување на одредени облици на меѓународна соработка, како и преземање на посебни акции за сузбивање на дејствувањето на организираните криминални групи за да може да очекуваме во иднина поефикасна борба против овој сложен и глобален феномен. Клучни зборови: кривично дело, перење пари, Кривичен законик, инкриминација, казна.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Olga Gurkova
Date Deposited: 13 Oct 2017 12:04
Last Modified: 13 Oct 2017 12:04
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18313

Actions (login required)

View Item View Item