Прагматиката на меѓујазикот наспроти интеркултурната комуникација

Ivanovska, Biljana and Kusevska, Marija (2017) Прагматиката на меѓујазикот наспроти интеркултурната комуникација. Knowledge - International Journal, Scientific and Applicative Papers, 19.3. pp. 1097-1100. ISSN 1857-923X

[img]
Preview
Text
Прагматиката на меѓујазикот наспроти интеркултурната комуникација.pdf

Download (3489Kb) | Preview

Abstract

Во овој труд се обидуваме да дадеме осврт на теоретските поставки и гледишта за функцијата и улогата на прагматиката во меѓујазикот кај изучувачите на странски јазик, како и објаснување за интеркултурната комуникација. Прагматиката ја сфаќаме како дисциплина на лингвистиката и гранична дисциплина на семиотиката и синтаксата која ги проучува начините со кои контекстот придонесува кон одредување на значењето. Прагматиката ги опфаќа теоријата на говорните чинови, разговорната импликатура, разговорната анализа и другите пристапи кон јазичното однесување во филозофијата, социологијата, лингвистиката и антропологијата. Говорителите на еден јазик од различни култури претпочитаат различни комуникациски стилови што отсликуваат различни културни вредности и норми, и во јазичната педагогија заземаат посебно место и улога за истражување. Потешкотиите, т.е. прагматичките грешки и неуспеси во интеркултурната комуникација се јавуваат често како последица на културно условената и различна комуникација меѓу комуникантите во една заедница. Студиите покажуваат дека кај напредните изучувачи на еден странски јазик се јавуваат прагматички грешки во комуникацијата, кои можат да доведат до недоразбирања и пречки во интеркултурната комуникација. Ние, во овој труд се задржуваме на теоретското објаснување на горенаведените поими со цел да дадеме теоретски осврт кон значењето и функцијата на прагматиката во меѓујазикот на македонските изучувачи на англиски и германски како странски јазик, како и влијанието на факторите врз интеркултурната комуникација.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kusevska
Date Deposited: 13 Oct 2017 11:57
Last Modified: 13 Oct 2017 11:57
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18276

Actions (login required)

View Item View Item