Професионална експозиција на гасови на работници кои работат на собирање на комунален отпад во градска средина

Jankova Petkovska, Snezana (2017) Професионална експозиција на гасови на работници кои работат на собирање на комунален отпад во градска средина. Masters thesis, University of Goce Delcev.

[img]
Preview
Text
ФИНАЛ Лекторирана магистерска-Снежана Јанкова - Петковска (1).pdf

Download (2650Kb) | Preview

Abstract

Оваа студија беше спроведена за да се процени професионалната изложеност на гасовите СО, NO2 и NH3, на работниците за време на собирање на комунален отпад од повеќе и помалку фреквентни улици во градска средина, да се идентификуваат факторите кои влијаат на оваа изложеност и здравствените влијанија врз работниците. Истражувањето беше спроведено континуирано 5 (пет) дена и во секој од нив беа вклучени по 5 работници, во 4 реони од градската средина каде што редовно ги извршуваат нивните работни задачи. Беа поделени во две групи, при што едната група вршеше собирање на отпад од садови за собирање на смет – канти, додека втората група вршеше собирање на отпад од садови за собирање на смет – контејнери. Погонот на двете специјални комунални возила кои се користеа во истражувањето е дизел гориво. Комуналниот отпад претежно беше мешан комунален отпад од домаќинствата. Секој работник носеше три персонални семплери во зоната на дишење. Резултатите од мерењето на ова мобилно работно место се користат за да се воспостават препораки за добри практики за заштита на работниците чија работна средина е на отворено, на неограничен работен простор, на фреквентни сообраќајници, населени места, без можност на примена на стандардни технички мерки за заштита од изложеноста на хемиски супстанции и аерозагаденоста. Клучни зборови: собирање на отпад, комунален отпад, дизел гориво, аерозагаденост, изложеност, гасови, СО, NO2, NH3, здравствени влијанија, мерки за заштита.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 05 Oct 2017 11:03
Last Modified: 05 Oct 2017 11:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18263

Actions (login required)

View Item View Item