Повеќекратна дискриминација - принципи и практики

Petrova, Tanja (2016) Повеќекратна дискриминација - принципи и практики. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[img]
Preview
Text
Повеќекратна дискриминација - принципи и практики (1).pdf

Download (2170Kb) | Preview

Abstract

Во современото општество во кое сите слободи и права во голема мера се загарантирани и регулирани со законски регулативи, сепак постојат активности кои на одреден начин тие права се прекршуваат или, пак, се врши одредена дискриминација. Дискриминацијата се појавува како резултат на неееднаквиот третман на лицата кои на било кој основ се разликуваат. За спречување на оваа појава потребно е истата добро да се познава и да се пристапи соодветно за да може степенот на дискриминација да биде намален. Постојат различни дефиниции за „основа за дискриминација“. Една од најчесто цитираните дефиници е онаа на Европскиот суд за човекови права, според која тоа е „лична карактеристика според која лицата или групите на лица се разликуваат едни од други“. Според друга дефиниција, основа за дискриминација е карактеристика на еден поединец што не треба да се смета за релевантна во однос на различен третман или при уживање на одредени бенефиции. Повеќекратна дискриминација, интерсекциска дискриминација, збирна (кумулативна) дискриминација: Доколку едно лице трпи нееднаков третман на повеќе основи за дискриминација, при што дискриминацијата се случува во различни интервали за секоја основа за дискриминација станува збор за повеќекратна дискриминација. Доколку дискриминацијата се случила на повеќе основи во исто време тогаш станува збор за збирна (кумулативна) дискриминација. Ако, пак, дискриминацијата се случила на повеќе основи во исто време, при што постоела заемна поврзаност и неделливост помеѓу основите, тогаш станува збор за интерсекциска дискриминација. Клучни зборови: дискриминација, нееднаков третман, пол, етникум, хендикеп, религија.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 05 Oct 2017 09:27
Last Modified: 05 Oct 2017 09:27
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18247

Actions (login required)

View Item View Item