Користење на литературни текстови на часот на англиски јазик ефектот на воведната активност врз степенот на усвојување на вокабулар

Donceva, Marija (2015) Користење на литературни текстови на часот на англиски јазик ефектот на воведната активност врз степенот на усвојување на вокабулар. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[img] Text
Literature-and-vocabulary-trud-MARIJA.pdf

Download (802Kb)

Abstract

Апстракт Вокабуларот има големо значење во предавањето и изучувањето на странските јазици. Па така, наставниците кои се свесни за потребата на учениците да го владеат и трајно да го развијат овој сегмент од јазикот се во постојана потрага по нови начини кои би го направиле овој процес забавен и пријатен. Книжевните текстови можат многу да придонесат за постигнување на оваа цел. Тие играат важна улога во градењето на вокабуларот, како и во целиот процес на совладување на одреден странски јазик. Многу истражувања покажале дека доколку литературата се вклучи во наставата по англиски јазик, заедно со соодветни методи и стратегии, може многу да придонесе за збогатување на вокабуларот кај учениците од основните училишта. Директни и индиректни инструкции поврзани со новиот вокабулар, комбинирани со мотивирачки и забавни активности без сомнеж доведуваат до подобрување во усвојувањето на новиот фонд на зборови. Но, што е она што го прави изучувањето на нови зборови со помош на литературата значително полесно? Постојат повеќе аспекти кои го оправдуваат вклучувањето на литературата во училницата. Тоа се контекстот, емоционалната посветеност на читателот, заинтересираноста за содржината и личната реакција на приказната која се јавува откако читателот ќе ги поврзе неговите/нејзините постоечки, шематски начини и навики на знаење и однесување со настаните во приказната. Оваа врска настанува со активностите пред читање на текстот, додека се активира позадинското знаење на учениците, се фокусира нивното внимание и се нагласени оние лексички елементи кои се важни за разбирање и восприемање на текстот. Но, колку што ми е познато мене, не постојат докази дека доколку зборовите кои треба да се научат им се презентираат на учениците уште за време на активностите пред читање со сигурност ќе придонесе до подобро усвојување на јазикот. Целта на ова 3 истражување не е само да се бараат докази кои би покажале дека вклучувањето на литературата во изучувањето на англискиот јазик како странски јазик има позитивен ефект врз градењето на вокабуларот, туку исто така и да се согледа дека активностите пред читање влијаат на крајните резултати во усвојувањето на новиот фонд на зборови. КЛУЧНИ ЗБОРОВИ: вокабулар, книжевен текст, шематско знаење, активности пред читање, градење на вокабулар

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 11 Sep 2017 06:58
Last Modified: 11 Sep 2017 06:58
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18176

Actions (login required)

View Item View Item