Договори и права во промет на стоки и услуги

Georgievska, Hristina (2016) Договори и права во промет на стоки и услуги. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[img] Text
Magisterski trud - Hristina Georgievska.pdf

Download (2509Kb)

Abstract

Апстракт Овој научно, истражувачки труд има за цел да го претстави и објасни факторингот како алтернативен модел на финансирање на стопанството. Овој труд, исто така, се обидува научно да го истражи овој правен институт и да ја истакне неговата економска улога, преку укажување на предностите и недостатоците на овој модел на финансирање, како и да го прикаже неговиот статус во светот и во Македонија. Доброто корпоративно управување и професионален финансиски менаџмент може да придонесат за воспоставување на таква бизнис стратегија (во смисла на: стратегија во однос на потенцијалните ризици, системите за управување со ризиците и мониторинг, инвестициски стратегии, интервенции, итн.) која ќе ја направи компанијата отпорна на неочекувани и непредвидливи промени и тоа, како во нејзината постојна средина, така и на глобалниот пазар и навремено постапување, кое ќе придонесе за побрзо закрепнување од ефектите на кризата и минимизирање на бизнис загубите. Иницијативата за развој на трговските друштва во Република Македонија го вклучува и подржува развојот на малите и средните компании, како и на поединците и институциите што ги опслужуваат потребите на малите и средните компании и креираат амбиент за развојот на овој сектор. Целта на ова истражување е утврдување на потенцијалот на пазарот за факторинг со цел да се развијат нови финансиски алтернативи за компаниите во Македонија. Клучни зборови: факторинг, побарувања, ликвидност, солвентност, финансирање.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 11 Sep 2017 06:58
Last Modified: 11 Sep 2017 06:58
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18175

Actions (login required)

View Item View Item