Трансформација на инспекциските служби во Република Македонија- основа за ефективност на државната управа и државната власт

Georgievski, Dimitar (2016) Трансформација на инспекциските служби во Република Македонија- основа за ефективност на државната управа и државната власт. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[img] Text
Магистерски Димитар лекторирано_ф.pdf

Download (1377Kb)

Abstract

АПСТРАКТ Како и во другите земји во транзиција така и во Република Македонија процесот на реформа на јавна администрација зазема значајно место и улога во вкупните реформски процеси на едно општество. Поради непостоење на задолжителни одредници од правото на ЕУ за реформа на јавната администрација, секоја земја ги реформира своите служби на начин кој е најсоодветен и најадекватен за да одговори на потребите на граѓаните и бизнис заедницата. Формирањето на Инспекциски Совет за координација на инспекциските служби и осамостојување на инспекторатите е секако уникатна, и значајна реформа на администрацијата во Р.М. од која што се очекува многу во напорите за реформа на општеството. Меѓутоа, иако е заокружена легислативата како основа за оваа реформа, сепак претстои макотрпен пат за нејзина имплементација низ која ќе биде потребно и изменување и дополнување, односно нејзино прилагодување. Бидејќи приспособувањето кон европските стандарди не претставува крајна цел на модернизацијата на јавната администрацијата, со тоа и на самите инспекциски служби, туку средство за создавање на јавна администрација што ќе обезбедува висококвалитетни услуги за граѓаните и бизнисите, како и високо стручна поддршка на Владата и другите засегнати страни во креирањето на политиките, зголемување на ефикасноста на системот на јавна администрација, значително влијае врз успешното спроведување на реформите насочени кон развој на демократија во општеството и спроведување на обемни економски реформи. Транспарентни, професионални инспекциски служби со јасно поставени цели и институционални механизми на долг рок, кои ја темелат својата работа на предначење на превентивниот начин на сметка на репресивните методи, треба да бидат приоритет и стремеж на секоја модерна и демократски настроена држава, што е случај и со Република Македонија.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 31 Aug 2017 10:18
Last Modified: 31 Aug 2017 10:18
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18171

Actions (login required)

View Item View Item