Одговорноста на гарантот според Македонското право и судска практика

Gurkova, Katerina (2016) Одговорноста на гарантот според Македонското право и судска практика. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[img] Text
магистерски труд Катерина Ѓуркова гаранција 2016 година конечна верзија (2).pdf

Download (1544Kb)

Abstract

Апстракт: Гаранцијата претставува лично средство за обезбедување на побарувањата во граѓанските и трговските договори. Во секојдневниот промет на стоки и услуги, гаранцијата претставува едно од најискористените инструменти за обезбедување на трансакциите и составен дел на бројни и хетерогени правни дела и тоа како во договорите помеѓу бизнис заедницата и потрошувачкиот сектор, така и во договорите случени во рамките на бизнис заедницата. Во современите услови на масовен и брз промет на стоки, гаранцијата е составен дел скоро на секоја меѓународна трансакција. Нејзината главна улога во прометот е да обезбеди сигурност и стабилност во реализирањето на обврските од договорите и во поширок контекст да обезбеди стабилност во целиот приватен сектор. Гаранцијата нема значење само за исполнувањето на обврските од граѓанските договори, туку истовремено претставува механизам за обезбедувањето на исполнувањето во трговските договори. Последното посебно се однесува на банкарската гаранција и нејзината улога во обезбедувањето на побарувањата во деловниот промет. Земајќи ја предвид сложеноста на правното дело, како и учеството на тројца субјекти во правното дело, како спорно во правната литература и во практиката се јави определувањето на правната природа на договорот и утврдувањето на правните односи кои настануваат помеѓу гарантот, налогодавачот и третото лице во чии интерес се издава гаранцијата. Тргнувајќи од ова, во магистерската работа предмет на истражување ќе бидат токму правните односи помеѓу субјектот, правата и обврските на договорните страни, и правните последици од отворањето на стечајната постапка врз главниот должник. Клучни зборови: гаранција, осигурување, банкарска гаранција, стечај, обезбедување на побарување.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 31 Aug 2017 10:18
Last Modified: 31 Aug 2017 10:18
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18170

Actions (login required)

View Item View Item