Улогата на полицијата во новиот модел на кривичната постапка во Република Македонија

Trajkov, Dalibor (2016) Улогата на полицијата во новиот модел на кривичната постапка во Република Македонија. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[thumbnail of МАГИСТЕРСКИ ТРУД  -Далибор Трајков.pdf]
Preview
Text
МАГИСТЕРСКИ ТРУД -Далибор Трајков.pdf

Download (911kB) | Preview

Abstract

Апстракт Во овој труд се прикажува важноста на полициските дејствија во кривичната постапка. Посебно внимание е посветено на односите помеѓу полицијата и јавното обвинителство во новиот закон за кривична постапка, каде е неопходна континуираната соработка на двата субјекти. Улогата на полицијата во предистражната постапка има пресудно значење за одвивањето на понатамошната кривична постапка. Полицијата е таа која што најчесто прва дознава за постоењето на кривично дело и ги презема потребните мерки за докажување на истото. Прибирањето на доказите кои ги обезбедува за да ја докажи вината кај осомничениот, треба да го прави на правно дозволен начин, со цел да се заштитат основните човекови слободи и права. Непочитувањето на човековите слободи и права при добивањето на докази, го негира легалното стекнување на тие докази и поради тоа истите не можат да помогнат во водењето на кривичната постапка. За успешно извршување на нејзините задачи полицијата ги применува законски дадените овластувања кои се опфатени во овој труд. Клучни зборови: Овластувања, должности, Јавен Обвинител, предистражна постапка, истрага.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 31 Aug 2017 10:18
Last Modified: 31 Aug 2017 10:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18168

Actions (login required)

View Item View Item