Акупунктурен третман при лумбална дискус хернија

Karovski, Martin (2017) Акупунктурен третман при лумбална дискус хернија. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ МАРТИН КАРОВСКИ.pdf

Download (1937Kb) | Preview

Abstract

Основа: Дискус хернијата е заболување кое доаѓа со стареењето, при што секогаш доаѓа до пролабирање и иритација на околните нерви, а конвенционалната медицина нуди инвазивни и болни третмани, како епидурални инјекции, лумбарна отворена микроскопска дисцектомија или лапароскопска операција на ‘рбетот. Акупунктурата со векови се користи како успешен третман при многу болести, а со развојот на медицината и подоброто познавање на патолошките состојби на организмот, сега и науката е во можност да ја докаже ефикасноста на овој, за пациентот, лесен, речиси безболен и неинвазивен третман, кој покрај терапевтското има и силно аналгетско дејство уште во првата фаза од лекувањето. Цел: Овој труд се обидува да ја докаже ефикасноста на третманот со акупунктура над дискус хернијата со цел алтернативно, помалку болно и понеинвазивно лекување на болеста. Материјали и методи:Истражувањето е извршено на 30 пациента, од кои сите се со симптоми на лумбална болка во ’рбетот, а сите од нив имаат дискус хернија, најчесто, 29 од нив, дискус хернија помеѓу пршлените L4 и L5, а 26 од нив со хернија во комбинација L4, L5 и S1. При третманот изведувана е акупунктура на BL-24 (Qi Hai Shu), BL-25 (Da Chang Shu), BL-26 (Guan Yan Shu), BL-27 (Xio Chang Shu), BL-28 (Pang Guang Shu), GB-30 (Huan Tiao), BL-40 (Wei Zhong), BL-57 (Cheng Shen), GB-37 (Guan Ming) и BL-60 (Kun Kun), во затворена просторија на собна температура од околу 25 степени Целзиусови. Резултати:Според статистиката, очигледно е дека дискус хернијата е речиси подеднакво застапена кај двата пола, од 30-те пациентa, 13 се жени, а 17 мажи. Бројот на терапии кај пациентите е различен, но просечно се потребни 8 терапии за лекување. 6 „Акупунктурен третман при лумбална дискус хернија“ | Мартин Каровски Заклучок: Според истражувањето спроведено со овој труд, базирано врз основа на факти и докази, акупунктурата е успешен терапевтски третман за лекување на дискус хернијата.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 31 Aug 2017 10:19
Last Modified: 31 Aug 2017 10:19
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18165

Actions (login required)

View Item View Item