Патриотското чувство во творештвото на Љонка Пантелеев и Оливера Николова

Denkova, Jovanka (2017) Патриотското чувство во творештвото на Љонка Пантелеев и Оливера Николова. Detinjstvo, XLIII (1). pp. 92-99. ISSN 0350-5286

[img] Text
Detinjstvo2017.pdf

Download (571Kb)

Abstract

Во овој труд ќе се осврнеме кон негувањето на патриотското чувство во творештвото на рускиот автор за деца, Љонка Пантелеев и паралелно со тоа, ќе го споредиме со патриотската проза на македонската писателка за деца и млади - Оливера Николова. Конкретно, во трудот ќе се осврнеме на збирката раскази од Љонка Пантелеев, насловена како „Раскази за деца“, каде се сместени четири раскази, а ќе се разгледа и романот „Тајната на жолтото куферче“ од Оливера Николова. Цел на овој труд ќе биде да се издвојат елементите кои овие дела ги ставаат во редот на дела со патриотска, односно родољубива тематика. Потоа, ќе се обрне внимание на местото на детето среде виорот на војната и нејзините уништувачки траги, но во исто време, ќе се укаже на храброста на децата и нивната внатрешна сила, која честопати ја надминува и онаа на возрасните.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovanka Denkova
Date Deposited: 11 Sep 2017 06:56
Last Modified: 11 Sep 2017 06:56
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18153

Actions (login required)

View Item View Item