Фитохемија, скрипта

Arsova-Sarafinovska, Zorica and Maksimova, Viktorija and Darkovska-Serafimovska, Marija (2017) Фитохемија, скрипта. ISBN 978-608-244-393-5.

[img] Text
Fitohemija skripta-split.pdf

Download (4Mb)
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/606

Abstract

Фитохемијата како дел од хемиските науки која се занимава со проучување на активните принципи кои се екстрахираат од растителни делови е од особено значење во профилот на еден стручен и добро обучен фармацевт. Таа е дел од линијата на предмети што ги проучуваат растенијата од фармацевтски аспект, односно хемискиот состав карактеристичен за даден ботанички вид, а понатаму и нивното фармаколошко дејство и употребата на фармакогностичките дроги како дел од хербалните препарати во современата фитотерапија. Оваа скрипта е првенствено наменета за студентите при Факултетот за медицински науки, на студиската програма по фармација, при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип. Тематските целини кои скриптата ги опфаќа се презентирани според предвидената студиската програма на курсот по фитохемија. Секоја тематска целина дава можност за систематско и детално проучување на биосинтетичките патишта на различни класи на соединенија кои се синтетизираат како растителни метаболити. Воедно, јасно се претставени нивните структурни формули, физичко-хемиски особини, фармаколошкото дејство и употреба, како и методите за квалитативно и квантитативно докажување на конкретните активни принципи во растенијата. Целта на оваа скрипта е да им помогне на студентите за полесно совладување на материјата по фитохемија и да ги подготви за понатамошните предизвици поврзани со активните принципи кои се застапени во лековитите растенија.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Marija Darkovska-Serafimovska
Date Deposited: 31 Aug 2017 10:16
Last Modified: 31 Aug 2017 10:16
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18139

Actions (login required)

View Item View Item