Спогодување за висината на казната и неговата злоупотреба во пракса

Ivanova, Julijana (2017) Спогодување за висината на казната и неговата злоупотреба во пракса. Masters thesis, University of Goce Delcev Stip.

[img] Text
Magisterska rabota Julijana Ivanova 207477.pdf

Download (712Kb)

Abstract

Спогодувањето за вина всушност претставува заемен договор, во кој и едната страна - јавниот обвинител, и другата страна - обвинетиот заедно со неговата одбрана, помалку отстапуваат од својата првична замисла. Спогодувањето всушност претставува облик на активно преговарање, во кое обвинетиот со цел да дојде до одредени отстапки од обвинението или во однос на кривичната санкција се откажува од правото на судење со давање на признание, односно изјава со која ја признава вината. Иницијатива за спогодување може да поднесе секоја од страните. Основен недостаток на спогодувањето е тоа што доколку разликата помеѓу понудената санкција при спогодувањето и санкцијата која може обвинетиот да ја добие на судење е мала, може да доведе до демотивиција на обвинетиот од спогодувањето. Сите субјекти кои учествуваат во постапката за спогодување за вина, вклучувајќи го и судот, се обврзани да обезбедат правна сигурност и законитост. Секоја од страните кои земаат учество во постапката за спогодување треба да имаат еднакви преговарачки позиции. Во постапката за спогодување задолжително е да се почитуваат меѓународните стандарди за заштита на човековите права, првенствено правото на фер судење, содржано во чл.6 од Европската конвенција за човекови права. Клучни зборови: спогодувањето за вина, договор, активно преговарање, иницијатива, правна сигурност, законитост, еднаквост, заштита на човекови права, фер судење

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: the plea agreement, contract negotiation active, initiative, legal certainty, legality, equality, human rights, fair trial
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 24 Aug 2017 07:25
Last Modified: 24 Aug 2017 07:25
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18105

Actions (login required)

View Item View Item