Бихејвиористичката економија и нејзиниот придонес кон објаснувањето на компензационите шеми за задржување на критичните работници

Josheski, Dushko (2009) Бихејвиористичката економија и нејзиниот придонес кон објаснувањето на компензационите шеми за задржување на критичните работници. Bulletin of Papers ASA - 2008-2009 (24-25). pp. 147-156. ISSN 0352-3497

[img] Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_dusko.josevski_Desktop_Бихејвиористичката економија и нејзиниот придонес кон објаснувањето на.pdf

Download (252Kb)

Abstract

Бруни и Суџен предлагаат , на проектот за „одделувањето на психологијата и економијата од основите на економија и принципите на апстрактниот избор” да не се гледа како на конвенционален. Нормите се во доменот на социологијата и затоа Парето ја потценува психологијата.Алтернативно, австриската психолошка и позитивистичка школа, спротивно на нормативниот модел, тврди дека експерименталната психологија е релевантна за економијата.Теоријата на рационалниот избор беше универзална, и многу од нејзините претпоставки беа извлечени од психологијата, некои концепти како задоволството, способноста, извлечени се од психологијата, покажувајќи дека на одделувањето на психологијата од економијата не може да се гледа како на конвенционални . Lazear (1995) , тврди дека критичните работници може да се задржат само ако им се понуди повеќе отколку што можат да заработат каде било .Компензацијата треба да биде атрактивна за висококвалификуваните работници, но помалку атрактивна за неквалификуваните работници. Фирмите во основа сакаат да направат договор кој има флексибилност да ги задржи работниците со висока вредност во добра состојба или во добар работен период, но да им плати помалку и да ги обесхрабри да си заминат во лоша состојба. Емпириските студии покажуваат дека компензацијата е поврзана со вкупната профитабилност на фирмата,односно повисока профитабилност значи повисоки плати. Како заклучок, постојните работници е поверојатно да ја задржат работата, помалку е веројатно да се ангажираат нови работници. Ако стапките на ангажирање нови работници се ниски, потребно е неколку години пред зголемената вработеност,благодарение на задржувањето на постојните работници,да биде компензирана од намалената вработеност, што се должи на намалувањето на бројот на нови вработени.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dusko Josevski
Date Deposited: 23 Nov 2012 10:29
Last Modified: 23 Nov 2012 10:29
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1806

Actions (login required)

View Item View Item