Економика и организација на угостителството

Ackovska, Marija and Petroska Angelovska, Neda and Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver (2017) Економика и организација на угостителството. Longurov. ISBN 978-608-66037-0-0

[img]
Preview
Text
Ekonomika i organizacija na ugostitelstvoto-kniga.pdf

Download (1753Kb) | Preview

Abstract

Угостителството е дејност во која големо влијанието зазема човечкиот фактор па поради тоа стручноста на вработените е од пресудна важност за квалитетот на угостителската понуда како од економски, така и од организациски аспект. Вработените треба да имаат одредени знаења, доколку сакаме македонското современо угостителство успешно да го насочуваме кон зацртаните цели, во услови на динамично меѓународно окружување. За да ги задоволи таквите барања, угостителскиот персонал во Република Македонија треба постојано да се школува и усовршува. Потребно е да се применуваат техники на тестирање и подучување на вработените, да се утврдат стандардите во работните процеси, да се одредат основите за мотивација и др. Со еден збор, потребно е вложување во образованието на вработените. Општ е впечатокот дека во Македонија постои недостаток на глобална концепција за развој на туризмот и угостителството, адекватна економска политика, особено развојна политика на комплементарните дејности кои треба да го пратат неговиот развој. Оттука, потребно е угостителството да се набљудува во широки, макроекономски рамки и тоа како специфичен пазарен сегмент чии димензии и економска содржина најцелосно се согледуваат во обемот и структурата на туристичката потрошувачка. Оваа книга е изработена со цел лицата кои директно или индиректно се инволвирани во угостителство да се запознаат со угостителството како основна дејност на туризмот, видовите на сместувачки објекти кај нас и во светот, основната организација на претпријатијата, работните места и работните задачи. За таа цел внимателно се подготвени и претставени сите делови од текстовите чија што содржина е соодветна на потребата од концизна и целосна слика за економика и организација на угостителството.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 21 Jun 2017 10:03
Last Modified: 21 Jun 2017 10:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17976

Actions (login required)

View Item View Item