Екотуризам

Metodijeski, Dejan and Ackovska, Marija and Petroska Angelovska, Neda and Filiposki, Oliver (2017) Екотуризам. Longurov. ISBN 978-608-66037-1-7

[img]
Preview
Text
Ekoturizam-kniga.pdf

Download (2251Kb) | Preview

Abstract

Книгата Екотуризам е наменета за сите кои работат во туристичкиот сектор, за академската јавност, студентите, истражувачите, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со екотуризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на екотуризмот. Материјалот во книгата е поделен во седум поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на суштината и објаснување на терминот екотуризам, поврзаноста на екологијата и туризмот и природните вредности како основа за развој на овој вид туризам. Во вториот дел, обработен е материјалот поврзан со историскиот развој на екотуризмот и концепциите кои ги применува Светската Туристичката Организација во однос на хронологијата и поставувањето на темелите на овој вид туризам. Во третиот дел се разгледуваат различните дефиниции за екотуризмот од страна на постоечката и релевантна литература како и институциите кои се занимаваат со овој вид на туризам. Четвртиот дел е посветен на анализа на екотуризмот како алтернативна форма туризам од аспект на специфичноста на туристичката понудата и големината на побарувачката. Исто така, се опишуваат карактеристиките на масовниот и алтернативниот туризам. Во петтиот дел се обработуваат основните принципи и компоненти на екотуризмот. Шестиот дел, кој воедно е основата на оваа книга ги опфаќа учесниците во екотуризмот како управителите на заштитени подрачја; локалната заедница; туристичката индустрија изразена преку екотуристичката понуда, екодестинации, еко тури, еко патеки, еко сместување, екомузеи, еко водичи; еко храна и манифестации; владините претставници; невладиниот сектор; донатори и агенции за развој и еко туристите. Во седмиот дел се претставени потенцијалите на Република Македонија за развој на екотуризмот, националните паркови, заштитени подрачја и природните резервати во нашата земја. Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и интернет извори од областа на екотуризмот. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со екотуризмот. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 21 Jun 2017 10:03
Last Modified: 21 Jun 2017 10:03
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17974

Actions (login required)

View Item View Item