Прагматика наспроти граматика наспроти семантика

Ivanovska, Biljana and Kusevska, Marija (2017) Прагматика наспроти граматика наспроти семантика. ФИЛКО - Зборник на трудови од Втора меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование. pp. 185-193. ISSN 978-608-244-308-9

[img]
Preview
Text
Filko2_statija.pdf

Download (3310Kb) | Preview

Abstract

Граматиките на одредени јазици се занимаваат, пред сè, со изучување на формите на јазичните единици. Нивна задача е точно да ги опишат фонолошките, морфолошките, синтаксичките и семантичките форми на јазичните единици на еден јазик. Функционалните аспекти се предадени во многу граматики (на пример Дуден–овата граматика на германскиот јазик, 1995), каде нема ниту едно поглавје за прагматиката, во кое систематски би се опишале и анализирале основите на прагматиката на еден јазик. Во многу поглавја и теоретски прикажувања се додадени прагматичките феномени, како на пример, анализа на говорните чинови во рамките на семантиката (на пример Лајонс/Lyons 1995). Причината за тоа е еден општ значенски поим, кој не го опфаќа само значењето на зборовите и речениците во еден јазик, туку и значењето на изразот, разбрано како наменето/целно значење од страна на говорителот. Генерално, сепак, станува збор за тоа, дека буквалното (структурно идентично) значење на една искажана реченица ќе се истражува во семантиката, додека значенските аспекти, кои постојат условени од контекстот и јазичните опкружувања, се предмет на истражување на прагматиката. Под граматика, притоа, се подразбира системот на фонолошки, морфолошки, синтаксички и семантички правила. Со ова се поставува прашањето дали прагматиката има значење само за решавање на граматичките проблеми или многу пошироко и сеопфатно значење. Контрадикцијата помеѓу лингвистите, кои се ориентираат кон анализа на формата и оние кои се ориентираат кон функцијата, игра голема улога при различните обиди да се дефинира прагматиката. Го објаснуваме гледиштето на Лич (Leech, 1983: 46) каде се прикажува прегледот на типичните формалистички и функционалистички позиции на јазичните единици. Автономијата на еден систем треба притоа да значи, дека секој систем содржи свои сопствени опишувања и правила. Овој труд дава теоретска претстава за местото и функцијата на граматиката и на прагматика во јазичниот систем, воопшто. Клучни зборови: прагматика, граматика, семантика, функција и форма на јазичните единици.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 31 Jan 2018 13:39
Last Modified: 31 Jan 2018 13:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17966

Actions (login required)

View Item View Item