Теоретски и методолошки аспекти и фази во процесот на ревизија на финансиските извештаи

Tanceva, Aleksandra (2017) Теоретски и методолошки аспекти и фази во процесот на ревизија на финансиските извештаи. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of LEKTORIRAN magisterski trud.pdf]
Preview
Text
LEKTORIRAN magisterski trud.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Во современото пазарно стопанисување сè повеќе се наметнува потребата од ревидирање на финансиските извештаи кои ги подготвува сметководството на одредена компанија. Потребата од точни и веродостојни информации се јавува бидејќи врз основа на тие информации бројните стеикхолдери на компанијата (вработени, банки, јавноста, даночни и судски органи, акционерите и сл.) кои инаку можеби немаат доволно стручно знаење за да ги разберат во целост информациите од финансиските извештаи, добиваат стручно мислење од независно стручно лице. Паралелно со развојот на сметководствената професија се наметнувала и потребата од потврдување на информациите кои се презентираат во финансиските извештаи.
Ако целта на сметководството е да се подготват финансиски извештаи за даден извештаен период, тогаш целта на ревизијата е да ја потврди веродостојноста на тие финансиски извештаи. Целта на овој труд е да се запознаеме со поимот, целите и предметот на ревизијата, исто така ќе се запознаеме и со видовите ревизија, нејзините поделби од различни аспекти. Потоа ќе бидат образложени и видовите ревизорски услуги, како и фазите на самиот процес на ревизија. Детално ќе бидат разработени постапките за вршење на ревизија на сетот од финансиските извештаи, одделно за секоја ставка од нив. Како краен резултат од целиот процес на ревизија ќе биде образложен и ревизорскиот извештај, неговите основни компоненти, како и видовите ревизорско мислење кое може да биде изразено. Имајќи предвид дека ревидираните финансиски извештаи се од големо значење за голем број корисници, ќе биде подетално образложена потребата од ревидирани финансиски извештаи, а исто така, подетално ќе бидат образложени и корисниците на кои од големо значење им се информациите од ревидираните финансиски извештаи.
Клучни зборови: Ревизија, ревизорски извештај, ревизорско мислење, фундаментални концепти во ревизијата, фази во ревизијата, ревизија на финансиски извештаи
1

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 21 Jun 2017 08:09
Last Modified: 21 Jun 2017 08:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17963

Actions (login required)

View Item View Item