Рехабилитација на пациенти со Карпал тунел синдром

Ishik, Hatidze (2017) Рехабилитација на пациенти со Карпал тунел синдром. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
За принтање - ХАТИЏЕ Специјалистички труд.pdf

Download (926Kb) | Preview

Abstract

Карпал тунел синдром е сегментна невропатија на нервус медијанус во зоната околу рачниот зглоб. Причината е притисок на н.медијанус кога тој поминува низ заедничката обвивка на тетивите на прстите заедно со лигаментите во карпалниот тунел. Се манифестира со парестезии (трпнење) и болка на внатрешната страна на шаката и тоа l,ll ,lll и lV прст. Симптомите се најчести ноќе и се намалуваат со протресување на шаката. Дијагноза се поставува при преглед со притисок на воларната страна на китката (Тинелов знак) или со целосно свиткување на рачниот зглоб една минута,при што се јавува болка и трпнење. Конзервативно лекување вклучува: -антиинфламаторни лекови и локална апликација на кортикостероиди, -физикална терапија со цел намалување на болката, отокот и смирување на парастезиите. Се користат: електротерапија, ултразвук, магнет, ласер. -хируршко лекување со цел да се направи декомпресија (ослободување) на нервот, со пресек на трансверзалниот карпален лигамент.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 21 Jun 2017 08:07
Last Modified: 21 Jun 2017 08:07
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17961

Actions (login required)

View Item View Item