Коксартроза

Bingul, Resul (2017) Коксартроза. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
За принтање - Специјалистички труд РЕСУЛ.pdf

Download (779Kb) | Preview

Abstract

Коксартрозата е хронично дегенеративно дистрофично заболување на зглобовите, кое привлекува се повеќе внимание кај ревматолозите и ортопедите, бидејќи е едно од најчестите и најтешките заболувања на зглобовите кај повозрасните луѓе кое доведува до инвалидност. Етиопатогенезата како и кај другите дегенеративни болести е непозната. Коксартрозата може да биде примарна, идиопатска или секундарна. Патоанатомскиот наод се карактеризира со стеснување на зглобниот простор. Основен симптом е болката при движење, која има механички карактер. Како последица на намалената зглобна подвижност се јавуваат миогени контарктури, фиброзирање на капсулата и лигаментите и деструкција на `рскавичната површина. Рехабилитацијата се состои од комплексно - медикаментозно, физикално и оперативно лекување. Водечка улога при рехабилитацијата има кинезитерапијата. Целта на лекувањето е да се намали болката и да се создадат поволни биомеханички услови за функционирање на зглобот и подобрување на подвижноста на зглобните површини.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 21 Jun 2017 07:59
Last Modified: 21 Jun 2017 07:59
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17960

Actions (login required)

View Item View Item