Влијанието на социјалните детерминанти врз перинаталниот исход на новородените деца

Zisovska, Elizabeta and Kalcev, Goce and Gacova, Visna and Dzateva Mitrevska, Katerina and Dauti, Dritan and Besliev, Simon (2017) Влијанието на социјалните детерминанти врз перинаталниот исход на новородените деца. [Project] (Submitted)

[img]
Preview
Text
ВЛИЈАНИЕТО НА СОЦИЈАЛНИТЕ ДЕТЕРМИНАНТИ ВРЗ ПЕРИНАТАЛНИОТ ИСХОД НА НОВОРОДЕНИТЕ ДЕЦА.pdf

Download (417Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
THE IMPACT OF THE SOCIAL DETERMINANTS ON THE PERINATAL OUTCOME OF THE NEWBORN CHILDREN .pdf

Download (680Kb) | Preview
Official URL: https://goo.gl/57HUWq

Abstract

Во светот документирано е дека социјалната, културелната, политичката, опшествената и економската средина во којашто живеат пациентите има директно влијание врз нивното здравје. Иако во Македонија има многу висока стапка на перинатален морталитет, во државата сеуште нема прецизни податоци колкаво е влијанието на социјалните детерминанти врз лошиот перинатален исход. Целта на овој апликативен научно-истражувачки проект е да развие скоринг систем од највлијателните социјални детерминанти врз перинаталниот исход со кој ќе можат здравствените работници да ги идентификуваат истите. Резултатите треба да послужат да се подобри превенцијата и да се развијат локални програми за промоција на одржлив систем за подобрување на неонаталното здравје и перинаталниот исход, и да се дадат веродостојни податоци за донесување на одлуки базирани на докази. Како материјал ќе биде користена здравствената документација за мртвородени деца и новородени деца во родилиштата во Република Македонија. Во истражувањето планирано е да се соберат и статистички да се обработат податоците за социјалните детерминанти во родилиштата со најголем број на несакани перинатални исходи, вклучувајќи најмалку 75% од нив. Според перинатолошкиот извештај, таргетирани се најрелевантните родилишта каде се третираат најризичните пациенти. Очекувани резултати: -да се идентификуваат заеднички социјални детерминанти кај пациентите кои имале несакан перинатален исход -да се креира статистички скоринг систем базиран на степенот на корелација за секоја поединечна детерминанта -да се добијат докази кои ќе помогнат во информирано донесување на клинички одлуки. Во соработка со Здружението за перинатална медицина, овие резултати ќе можат да помогнат во понатамошното развивање на стратегијата за унапредување на перинаталната здравствена заштита, која во моментот не постои.

Item Type: Project
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elizabeta Zisovska
Date Deposited: 12 Jun 2017 10:06
Last Modified: 12 Jun 2017 10:06
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17887

Actions (login required)

View Item View Item