Late Night Museum - Concert of Ema Potevska Popivoda

Potevska Popivoda, Emilija (2017) Late Night Museum - Concert of Ema Potevska Popivoda. [Performance] (Unpublished)

Full text not available from this repository.
Official URL: https://www.youtube.com/watch?v=5taAg45JSIQ&t=11s

Abstract

Музејот на современа уметност Скопје и Фестивалот за современа музика Модоарс подготвија ексклузивен уметнички настан. На 28 февруари, вторник со почеток во 20 часот во просториите на Музејот за современа ументост се одржа концерт за пијано на Ема Попивода со композиции на македонски народни теми напишани од композиторот Димитрије Бужаровски, пo коj следуваше коктел со вината на винарија Тиквеш и настап на ДЈ Илина Ангел. Просториите на музејот беа отворени во 19 часот и гостите имаа можност да ги погледнат најновите поставки во Музејот на современа уметност: Изложбата на основоположниците на македонската современа уметност, „Ничија земја“ – проект со кој Македонија беше претставена на Венециското биенале за архитектура 2016 и изложбата во третата галерија со наслов „Римејк“ каде можат да погледнат ремек дела од светската скулптура кои се во сопственост на Музејот за современа уметност. Овој art event беше вистински подарок за урбаната скопска публика, создаден со цел барем за момент, ни помогне да се одвоиме од секојдневнота монотонија, да понудиме можност за уживање на различен начин, да презентираме нова современа музика, а со тоа и да се доближиме до начинот на живот во светските метрополи каде ваквиот тип на art event е најнов тренд. Централниот настан на овој уметнички проект беше концерт за пијано кој го изведе пијанистката Ема Попивода. На програмата се изведоа композиции за пијано кои се базирани на македонски народни теми од авторот Димитрије Бужаровски. Познати македонски народни песни се преточени во овие Ноктурна за пијано, преработени во класичен стил со примеси на џез, импресионизам, експресионизам итн. Концертот веќе е изведуван во повеќе градови низ светот Њујорк, Токио, Лондон, Рим, Гдањск, каде доживува голем успех. Иако композициите се напишани во пијанистичкиот стил на Шопен и Лист, музиката сепак е разбирлива и лесно прифатлива за слушање за публиката поради препознатливите теми од македонските народни песни: Зајди зајди, Дали паметиш Милице, Калеш Анѓа, Јовано јованке, Не си го продавај Кољо чифликот, Деспина, Море сокол пие, Шеќерна, Трнушко, Не се бели Маре мори итн... Распоред на настаните во текот на вечерта: 19-20 часот – отварање на трите галерии во Музејот за современа уметност 20-21 часот – Концерт на Ема Попивода – пијано со композиции на македонски народни теми 21-23 часот – коктел забава со ДЈ Илина Ангел

Item Type: Performance
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Emilija Potevska
Date Deposited: 12 Jun 2017 09:45
Last Modified: 12 Jun 2017 09:45
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17884

Actions (login required)

View Item View Item