Семантиката на глаголот заборави и нејзините синтаксички проекции

Nikolovska, Violeta (2017) Семантиката на глаголот заборави и нејзините синтаксички проекции. Knowledge - International Journal, Scientific and Applicative Papers. ISSN 1857-923X

[thumbnail of knowledge sem..pdf]
Preview
Text
knowledge sem..pdf

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of VN2.pdf]
Preview
Text
VN2.pdf

Download (466kB) | Preview

Abstract

Глаголот заборави спаѓа во групата на когнитивни глаголи. Според полската школа на семантичка синтакса, глаголот е предикативен израз на предикат од втор ред. Карактеристично за предикатите од втор ред е тоа што го одразуваат внатрешниот свет на човекот, неговите интелектуални, емотивни и волитивни процеси. Согласно со ова, како прв аргумент на овие предикати се јавува човекот, а вториот аргумент на овие предикати е дел од внатрешниот живот на човекот. Целта на овој труд е да ја прикаже семантиката на глаголот заборави и нејзините синтаксички проекции. Анализата на значењата и на синтаксичките употреби ќе ја вршиме врз основа на примерите наведени во литературата што ќе ја користиме, како и врз основа на примерите од јазичниот корпус на Дигиталниот речник на македонскиот јазик, достапен за привилегирани корисници. Анализата ќе ја вршиме согласно со принципите на полската школа на семантичка синтакса. Во трудот ќе ги прикажеме синтаксичките особености на предикатско-аргументските структури кои се јавуваат како аргументи на предикатот заборави во зависност од неговото значење. Ќе ги прикажеме и синтаксичките деривации на тие предикатско-аргументски структури во зависност од комуникативните потреби на говорителот. На тој начин, ќе прикажеме дел од механизмите со кои располага јазикот за да ја организира на формален, синтаксички план семантичката информација во зависност од комуникативната хиерархија што ја воспоставува говорителот. Значењето ̔ пропушти да направи нешто̕ се јавува со да-конструкција. Од формален аспект, предикатот заборави во ова значење не може да се јави во форма за сегашно време во неговото основно значење. Најчесто се јавува во аорист, перфект и плусквамперфект. Кога овој предикат во ова значење го среќаваме во форма за сегашно време, означува дејствија што се повторуваат. Вториот тип на конструкции кои ги прави овој предикат се оние во кои вториот тип е реченица – зависна реченица во функција на објект. Тука влегуваат два типа на реченици: воведени со сврзникот дека и воведени со прашален сврзувачки збор. Во првиот тип на конструкции, воведени со сврзникот дека, предмет на заборавање е целата предикатско-аргументска структура воведена со сврзникот, додека во вториот тип на конструкции, воведени со прашален збор во сврзничка функција, предмет на заборавање е дел од предикатско аргументската структура која е аргумент на предикатот заборави, поточно оној сегмент на кој се однесува прашалниот збор. Во семантичко-синтаксичките деривации на предикатско-аргументските структури кои предикатот заборави ги врзува како втор аргумент може да се јават именски синтагми (ИС) воведени директно (во функција на директен објект) или со помош на предлог на/за (во функција на предлошки објект). Доколку именската синтагма е воведена директно, интензитетот на заборавање е посилен.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Violeta Nikolovska
Date Deposited: 07 Jun 2017 13:45
Last Modified: 07 Jun 2017 13:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17853

Actions (login required)

View Item View Item