Секциско предавање на тема „Симболиката на синтаксичките тријади во песната ’Црква‘ од Блаже Конески“

Mladenoski, Ranko (2017) Секциско предавање на тема „Симболиката на синтаксичките тријади во песната ’Црква‘ од Блаже Конески“. In: VIII Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: Исток – Запад“, 28-29 Apr 2017, Sveti Nikole, Macedonia. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Mladenoski ucestvo na Megj konf Sv Nikole 2017.pdf

Download (921Kb) | Preview

Abstract

На VIII Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: Исток – Запад“ што се одржа во Свети Николе на 28 и 29 април 2017 година во организација на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Симболиката на синтаксичките тријади во песната ’Црква‘ од Блаже Конески“. Во текот на секциското предавање, меѓу другото, беше истакнато дека со интерпретацијата на песната „Црква“ од Конески од аспект на синтаксичката повторливост во строфите и во стиховите се маркира симболичноста на нејзината структура. Имено, синтаксичко-синтагматските тријади се несомнен доказ за потврдувањето на поставената теза за улогата и функцијата на симболот во градењето на нејзината поента, односно на книжевно-уметничка порака, но и за оправданоста на идентичното тврдење на нејзиниот автор дека песната како целина е симбол за животот. Покрај тоа, во заклучокот од излагањето се потенцираше дека песната „Црква“ од Блаже Конески е успешно и умешно организирана и на планот на формата (синтаксата/ ознаката) и на планот на содржината (семантиката/ означеното).

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 15 May 2017 11:39
Last Modified: 15 May 2017 11:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17775

Actions (login required)

View Item View Item