Енергетската ефикасност и еколошките унапредувања во хотелската индустрија

Cingoski, Vlatko and Petrevska, Biljana and Gelev, Saso and Golubovski, Roman and Citkuseva Dimitrovska, Biljana and Trajkov, Nikola (2017) Енергетската ефикасност и еколошките унапредувања во хотелската индустрија. University Goce Delcev, Stip, Stip, Makedonija. ISBN 978-608-244-390-4

[img]
Preview
Text
2017 - Edicija (Cingoski & Petrevska editori).pdf

Download (738Kb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/605

Abstract

Ракописот е наменет првенствено за студентите кои изучуваат повеќе предмети поврзани со обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и заштеда на енергија, кои се изучуваат на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Основна цел е да им помогне во совладување на најважните теми кои го обработуваат концептот на енергетски заштеди и еколошко унапредување на деловните субјекти. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските и постдипломските студии. Начинот на појаснување на сите сложени прашања од областа на зголемување на енергетската ефикасност, е многу пристапен со примена на примери од непосредната практика. Оттука, концизното и експлицитното презентирање на проблематика од оваа област, дава голема можност за користење на овој материјал не само за студентите туку и пошироко. Имајќи предвид дека ова е прво издание, не е исклучена можноста да има одредени недостатоци. Оттука, секоја добронамерна забелешка ќе биде прифатена со посебно задоволство. Ракописот е напишан со јасен и разбирлив јазик и методолошки е структуриран во шест глави кои всушност претставуваат придонес од различни истражувања на различни автори. Поконкретно, се работи за заеднички труд на дел од членовите на проектниот тим кој учествуваше во реализација на научно-истражувачкиот проект „Mожности и методи за замена и заштеда на енергија и зголемување на енергетската ефикасност во хотелската индустрија“, одобрен од страна на Сенатот на Унивезитетот „Гоце Делчев“ – Штип со Одлука бр. 0801-139/26 од 27.01.2015 година. За подобноста, значењето и оправданоста на овој труд говори позитивниот извештај на рецензентите. Голема благодарност упатуваме до Проф. д-р Антон Чаушевски од ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, и Проф. д-р Златко Јаковлев од Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип кои, со своите коментари, предлози и забелешки придонесоа за зголемување на квалитетот на ракописот. Искрено се надеваме дека оваа книга ќе им биде од помош на сите студенти кои како определба во своето формално образование се одлучиле да ги осознаат придобивките од воведувањето методи за зголемување на енергетската ефикасност по пат на обновливи извори на енергија. Истовремено, ракописот може да биде интересно четиво и за сите оние кои имаат допирни точки со заштита на животната средина, како и за оние кои се залагаат за намалување на оперативните трошоци преку заштеда на енергија. Се разбира, одговорноста за сите грешки, пропусти и недостатоци што можат да се пронајдат низ текстот, е само на авторите.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Vlatko Cingoski
Date Deposited: 15 May 2017 08:46
Last Modified: 15 May 2017 08:46
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17758

Actions (login required)

View Item View Item