Меѓународни финансии

Boskov, Tatjana (2017) Меѓународни финансии. ISBN 978-608-244-380-5.

Full text not available from this repository.

Abstract

Меѓународните финансии се значајна активност во секоја национална економија.
Проблематиката на меѓународните финансии е определена од изборот на политиката на
девизен курс која, пак, зависи од нивото на развиеноста на националната економија и од
степенот на отвореноста спрема странските влијанија. Тоа значи дека успешното
финансиско работење со странство во голема мера зависи од познавањето и
разбирањето на политиката на дезизниот курс, како и на трендот на нејзините идни
промени, во склоп на постојната меѓународна монетарна и финансиска регулатива. Тие
овозможуваат да се сфати значењето на политиката на финансиите во остварувањето на
макроекономската политика на националните економии и да се определи однесувањето
на стопанските субјекти воопшто, особено во сферата на финансиите, девизното
работење, банкарското работење како и користењето на инструментите кои се на
располагање.
Теоретската и практичната елаборација ќе им помогне на читателите не само да ја
разберат суштината на меѓународните финансии и нивната важност за една економија,
туку и да можат да ги дијагностицираат и решаваат евентуалните промени во истата.
Читателите ќе се запознаат со значењето на меѓународните финансии и меѓународното
финансиско окружување, ќе ја разберат проблематиката на однесувањето на девизните
курсеви, ќе го совладаат управувањето со ризиците на девизните курсеви и управувањето
со долгорочни и краткорочни средства и извори. Потребата од координираст на теоријата
и праксата е од особено значење за да се стекнат потребните вештини поради
неопходната квалификуваност на пазарот. Покрај тоа, се дава осврт и на влијанието на
економската политика врз девизните курсеви,меѓународната размена и меѓународен
паритет на цените и каматните стапки, како и побарувачката за валутни депозити, пазарот
на странски депозити, улогата на каматните стапки врз валутни депозити. Исто со
посебен осврт се третира изложеноста на земјата на меѓународните флуктуации, како се
моделира девизен курс кога постои разлика во реалните каматни стапки на две земји.
На крај читателите ќе се стекнат со предизвикот да научат да ги решаваат проблемите со
краткорочното меѓународно финансирање, како и тоа кои се критериумите за краткорочно
меѓународно финансирање, пазарната ефикасност и присутноста на шпекулативните
меури, како се финансира со портфолио на валути.
Со обработката на споменатите теми, овој текст прави значаен чекор за потемелно
запознавање со проблематиката на меѓународните финансии (објаснувајќи ги причинско-
последичните врски од нивните промени преку примери и пресметувања) но и за
надминување на рутинското гледање на меѓународните финансии.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Tatjana Boskov
Date Deposited: 02 May 2017 09:22
Last Modified: 02 May 2017 09:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17750

Actions (login required)

View Item View Item