Оптимален избор на товарно-транспортна механизација при транспорт на руда и јаловина во рудници со подземна експлоатација

Gocevski, Vanco (2017) Оптимален избор на товарно-транспортна механизација при транспорт на руда и јаловина во рудници со подземна експлоатација. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Магистерски труд Ванчо Гоцевски -213132.pdf

Download (3661Kb) | Preview

Abstract

Краток извадок Во рудниците за подземна експлоатација на металични минерални суровини од голема важност е постигнување на оптимални техничко-економски параметри на производството. Во овој магистерски труд е извршен оптимален избор на товарно-транспортна машина, врз основа на условите и факторите кои имаат влијание на примената на машините. Главен акцент во овој магистерски труд е ставен на оптимален избор на машина за откопен транспорт кај масивни и жични рудни наоѓалишта и постигнување на оптимални резултати во услови на подземна експлоатација. За оптимален избор на товарно-транспортна машина е применета повеќекритерумската оптимализација при одлучувањето. Повеќекритериумската оптимизација при одлучувањето се користи за решавање на рударски проблеми при избор на најповолна или оптимална алтернатива од множество на расположливи алтернативи, каде се изберени повеќе критериуми. Од методите за повеќекритериумска анализа е применета методата на аналитички хиерархиски процеси (АХП). Оваа метода претставува ефикасна алатка при решавање на проблеми од одлучувањето, при што како резултат се добива рангирање на алтернативите. Во трудот се обработени четири алтернативи на товарно-транспортни машини при подземна експлоатација на масивни и жични рудни наоѓалишта на метали и врз основа на одреден број на критериуми за одлучување е извршен оптимален избор. Оптимизацијата при изборот на товарно-транспортна машина е извршена врз основа на следниве критериуми за одлучување: капацитет, специфични транспортни трошоци, трошоци за изработка на рударската просторија, трошоци за проветрување и ергономските услови при ракување со машината. Клучни зборови: избор, откопен транспорт, машини, повеќекритериумска оптимизација, алтернативи, одлучување, подземна експлоатација.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 01 Mar 2017 12:49
Last Modified: 01 Mar 2017 12:49
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17569

Actions (login required)

View Item View Item