Планирање на електронски комуникациски мрежи

Kokotov, Mile (2017) Планирање на електронски комуникациски мрежи. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Миле Кокотов - Планирање на електронски комуникациски мрежи - Магистерски Труд.pdf

Download (9Mb) | Preview

Abstract

Краток извадок: Електронска комуникациска мрежа е преносен систем кој овозможува пренос на сигнали преку жичени водови, радиобранови, оптички или други електромагнетни средства, вклучувајќи сателитски мрежи, фиксни и мобилни земски мрежи, електромагнетски кабелски системи, радиодифузни мрежи и кабелски телевизиски мрежи, независно од видот на информациите што се пренесуваат. Во овој труд, го обработувам преносниот систем кој овозможува пренос на информации преку жичени (оптичко-коаксијални) мрежи, попознат како кабелски дистрибутивен систем, а кај народот популарно наречен кабелска телевизија. Посебно се опфатени речиси сите функционални целини од еден современ кабелски дистрибутивен систем, почнувајќи од антенскиот систем, главната станица, кабелската мрежа, аналогни и дигитални технологии, кабелски интернет, VoIP-телефонија, пресметки, анализа, оптимизација и др. Преку современите кабелски дистрибутивни системи до корисниците се пренесуваат повеќе услуги, односно сервиси. На пример, аналогна и дигитална ТВ, радио канали, брз широкопојасен интернет, како и фиксна телефонија. Исто така, се воведуваат интерактивни услуги како што се „плати за да гледаш“ (PPV – Pay Per View) и „видео содржини на барање на корисникот“ (VOD – Video On Demand). Можноста од избор на поголем број телевизиски и радио програми како и можноста за брза меѓусебна дигитална комуникација, со себе носи и можност за побрз севкупен развој на општеството во целина. Со своите интерактивни можности, кабелските дистрибутивни системи денес претставуваат основен елемент на глобалното информациско општество. Клучни зборови Електронски комуникациски мрежи, кабелска телевизија, хибридни оптичко-коаксијални кабелски мрежи, кабелски дистрибутивни системи, КДС, кабелски дистрибутивни мрежи, оптички кабел, коаксијален кабел, оптички нод, засилувачи, медија конвертор, кабелски интернет, дигитална телевизија, дигитална видео компресија, кабелски модем, ЛАН мрежи, воип, доксис, Миле Кокотов, Штип, Македонија, ФПТН.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 01 Mar 2017 12:51
Last Modified: 01 Mar 2017 12:51
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17568

Actions (login required)

View Item View Item