Естетско и функционално решение кај пациент со вкрстен загриз (приказ на случај)

Tanzu, Sashko and Zlatanovska, Katerina (2016) Естетско и функционално решение кај пациент со вкрстен загриз (приказ на случај). In: Прв конгрес со меѓународно учество на здружение на специјалисти на стоматолошка протетика при Македонско стоматолошко друштво, 24-26 June 2016, Ohrid, Macedonia.

[img]
Preview
Text
PROGRAMA za proteticki kongres 2016.pdf

Download (1150Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
poster od proteticki kongres ohrid 2016 1.pdf

Download (2502Kb) | Preview

Abstract

Цел: Постигнување на максимална естетика со протетска реставрација која и функционално ќе задоволува претставува предизвик на секој терапевт, како и желба на самиот пациент. Целта на овој труд е приказ на случај каде со помош на титаниумски коронки и мостови извршена е истовремено корекција на естетскиот момент кој функционално задоволува. Материјал и метод: 45 годишен пациент се јави кај нас со барање да го подобриме изгледот на неговата насмевка. Клиничкото иследување покажа нарушување на естетиката како резултат на фрактурирани централни инцизиви, депресија на лакот во тој сегмент, вкрстен загриз од 2 мм на латералниот инцизив и канинот десно и намалена вертикална димензија. Терапија за која се одлучивме за да ја подобриме естетиката и кренеме висината на загризот кај пациентот беше изработка на титаниумски коронки и мостови. Резултати и заклучок: Контролниот преглед по 3 месеци покажа одлично налегнување на изработката, без пропусти во маргиналната адаптација и високо ниво на сатисфакција кај пациентот. Клучни зборови: вкрстен загриз, естетика, мостови, титаниум.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Zlatanovska
Date Deposited: 21 Feb 2017 09:02
Last Modified: 21 Feb 2017 09:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17468

Actions (login required)

View Item View Item